- Јаде „домашни“ сувомесни производи направени од месо увезено од Аргентина.
- Пие кинески чаеви за слабеење чија реклама двапати ја видел на локална телевизија.
- Со години голта лекови со истечен рок затоа што „што може да ми биде?“
- На лицето и други делови од телото трие креми кои му ги препорачал спонзор на емисијата Амиџи Шоу.
- Во февруари купува домати кои имаат вкус на трева и се одгледани во инкубатор.
- Наочари со диоптер купува од пазар, оние наредени на картонски кутии.
- На леб мачка паштети со непознат суровински состав.
- Пие некоја вијагра за која видел лифлет закачен на бандера.
- Кичма мести „кај железничарот“.
- Од пазар купува шампон од коприва во пластично шише од две литра и со него се мие три години.
- Се грее на гуми и на старо уље и го дише најзагадениот воздух во Европа.
- Го тетовира лик најден на огласи.
- Кога ќе се разболе оди кај баба да го забае.
- Пуши три пакла цигари дневно.
- Ботокс му пушта Славица од салонот.
АМА да се вакцинира НЕЈЌЕ пошто „вакцините не се доволно испитани.“
И не им верува на Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови „зашто сите ќе нè испоотрујат.“
виа Бојан