Кимберли Гилфојл поднесе оставка од функцијата амбасадорка на САД во Грција, откако тоа јавно од неа го побара Белата куќа поради бројни обвинувања за „несоодветно“, а можеби и незаконско однесување за време на нејзиниот мандат во Атина.
„Вршеше добра работа, но не ни се допаѓаше она што го читавме... Повеќе нема да биде таму“, изјави претседателот Трамп. Додаде дека Гилфојл никогаш не била дел од неговото семејство, иако со години му беше свршеница на неговиот син.
„Несоодветното однесување“ на Гилфојл опфаќаше закана до Грција, примање подароци и услуги, како и понуда да го искористи своето влијание во републиканската администрација во замена за плаќање на долг од 100.000 долари на кредитна картичка.
Украина ненајавено остана без целосен пристап до интернет-услугата Starlink на Илон Маск, што ѝ ги блокираше операциите на бојното поле против руските трупи.
„SpaceX, компанијата која го управува со Starlink, поставила ограничување на брзината на терминалите во Украина кога дроновите управувани од системот надминувале брзина од 100 милји на час“, изјави Серхиј Бескрестнов, советник во претседателот Зеленски.
Бекстренов оцени дека компанијата на Маск веројатно дејствувала по барање од претседателот Трамп, кој во саботата го зголеми притисокот врз Зеленски и побара да престане да ги напаѓа руските рафинерии за нафта.
Маск на својот профил на Икс коментираше: „Зеленски отиде предалеку“.
Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека бегството на Ива Михајлова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, кој, по проверката на нејзините наводи, вели, ќе утврдеше дека таму нема здравствен случај.
„Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеа работите на виделина какви се. Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното Министерство за тоа бидејќи во основа таму нема здравствен случај“, вели Клековски.
Татко ѝ Симеон Михајлов исто така има избегано во Бугарија по пресудата од 12,5 години затвор за случајот „Детонатор“. Во моментот македонските власти имаат распишано меѓународни потерници и по Ива Михајлова и по Симеон Михајлов.