Русија после 4 години конечно се враќа на ракометно Светско првенство
27 August 2026
- Селекциите на Русија и Белорусија добија специјални покани за Светско првенство (СП) за ракометарки до 16 години, што ќе биде нивни прв настап по пауза од четири години.
- Двете селекции ќе настапат на шампионатот, кој од 15 до 24 октомври ќе се одржи во Мароко, откако ИХФ ги укина санкциите кон нив и им овозможи на младите репрезентации повторно да се појават на меѓународната сцена. Русија и Белорусија последен пат настапија на големо европско натпреварување во 2022 година, по што следуваше повеќегодишна пауза поради војната со Украина.
- Пред доделувањето на специјалните покани, беа познати 11 учесници на премиерното издание на овој шампионат. Место обезбедија домаќинот Мароко, Гвинеја, Египет, Германија, Унгарија, Кина, Узбекистан, Мексико, САД, Парагвај и Аргентина. Со вклучувањето на Русија и Белорусија, бројот на учесници дополнително се зголеми, а турнирот добива и своја политичко-спортска димензија по враќањето на двете земји на меѓународната сцена.