Крушевска одбојкарска приказна
25 August 2026
- Иако во моментов нема активни клубови во градот, Крушево е еден од најпознатите одбојкарски центри во Македонија, кој останува како идеална локација за подготовки на македонските национални одбојкарски тимови.
- Случајност или не, тројца крушевчани стојат како предводници на националните тимови во моментов. Селекторот на А репрезентација Јошко Миленкоски, неговиот прв асистент Кристиан Ристески и предводникот на селекцијата У-20, Јован Шапе.
- Тројцата потекнуваат од славната крушевска школа, од редовите на Нико Доаѓа и Синалко, за години подоцна основите да ги пренесуваат на идните генерации.
- Не само играчки, туку и тренерски се кова следната генерација, па покрај Ристески и Шапе кои треба да ја продолжат славната крушевска традиција поставена од Миленкоски, во овој тим се и Атанас Милев и Васе Михаилов, кои се дел од стручниот штаб на сениорите.