- „Оваа година за прв пат ќе организираме Светско првенство за играчи до 15 години. Сите 211 членки на ФИФА се поканети да учествуваат. Ќе биде како фестивал за деца, каде што повеќе од 4.000 деца ќе играат фудбал заедно“, изјави Џани Инфантино
- Првиот човек на ФИФА, ја искористи шансата да го одбрани економскиот модел што го смета за суштински за градење вакви настани.
- „Затоа ни се потребни овие ресурси, спонзорите, радиодифузерите и сè што е во наша моќ, за да реинвестираме 100% од она што го заработуваме во играта“, стремејќи се да го направиме фудбалот навистина глобален, во секој агол од светот“.
- Во коментарите на социјалните мрежи има предлог на Мундијалот 2038 да бидат вклучени сите 9 планети.
- „Не се ограничувам со ништо“, изјави легендарниот Дидие Дешам минатиот јуни пред да ја заврши последната авантура на Светско првенство со Франција.
- Дешам ги водеше триколорите цели 14 години а на свои 58 години после јуни се реши да одмори од се и да ги наполни батериите. Негов наследник на клупата на Франција стана Зинедеин Зидан.
- Сега Дешам го поврзуваат со многу големи европски клубови како неговиот Јувентус во кого остави голем белег, така и Манчестер Јунајтед, пишува француски footmercato.net кој вели дека клубот од „Олд Трафорд“ бара замена за Мајкл Карик кого сензационалниот пресврт против Рома 3:2 од 0:2 му го продолжи макар на кратко престојот на клупата на Манчестер.
- Управата на Манчестер Јунајтед ги сонувала Јулијан Нагелсман и Унаи Емери но првиот веќе е пред договор да се врати во Ред Бул Лајпциг а вториот е врзан силно со договор за Астон Вила која што не сака да ја напушти.
- Украинскиот бек, Дмитро Горига кој лани доби македонски пасош, дебитираше со три гола на квалификацискиот дуел Македонија - Луксембург.
- „Пресреќен сум, искрено сум воодушевен од начинот на кој сум дочекан. Толку навивачи по мечот, ја чувствувам љубовта и затоа пак ќе повторам, ја чувствувам Македонија за своја и чест ми е што играм за оваа репрезентација. Прекрасно сум примен од соиграчите, малку време сум овде, верувам дека ќе биде уште подобро како што ќе минува времето“, изјави Горига после мечот.