- Пред премиерите и пошироката дистрибуција на Нолановата „Одисеја“, Харперс Базар објавува водич за сите 108 додворувачи на Пенелопа кои упорно чекаат таа да избере друг сопруг, во отсуство на нејзиниот Одисеј. Не дека и Хомер им доделил на сите кој знае какво внимание, но добро е да се знаат барем неколкумина за подобро следење на дејството.
- Антиној е главниот иницијатор за заговорот против Одисеј и неговиот син Телемах. Тој е оној кој предлага да се убие Телемах за да се осигура дека престолот на Итака ќе остане слободен. Груб и арогантен, тој ја претставува аристократијата во надолен пад, раководел од алчност а не од вистинска љубов. Го игра Роберт Патисон.
- Евримах е благородник од Итака кој се претставува како харизматичен и шармантен, но е дволичен, учествувајќи во заговорот со Антиној да го убие Телемах и спиејќи со слугинката на Пенелопа за да добива информации.
- Полибиј е многу помудриот татко на Евримах, еден од последните кои ќе преживеат во конечната битка. Ќе биде убиен од свињарот Евмај.
Останатите на линкот.
- Културниот и едукативен центар „Лабораториум“ го започнува новиот проект „ЛИФТ“, културна иницијатива наменета за развој и поддршка на младата публика и независната музичка сцена преку едукативни и креативни програми.
- Првата активност во рамките на проектот се бесплатни музички работилници посветени на тереминот – првиот електронски музички инструмент во историјата и еден од најнеобичните инструменти во светот.
- Од 19 август до 2 септември во „Лабораториум“ ќе се одржат четири музички работилници. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со основите на свирењето теремин, неговите звучни можности и креативниот потенцијал. Работилниците ќе ги води пијанистката, композиторка и музиколог Ива Дамјановски, која преку практична и интерактивна работа ќе ги воведе учесниците во светот на овој уникатен инструмент.
- Проектот „ЛИФТ“ има цел да ги доближи младите до независната музичка сцена преку едукација, истражување и практично искуство. Преку работилници, презентации и концерти, иницијативата треба да создаде простор за запознавање со нови музички изрази, необични инструменти и современи форми на музичко творештво. За учество не е неопходно претходно музичко образование или искуство.
Пријавување тука
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.