Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

АфД спремни за преземање на власта во Германија

14 July 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Германските десничари АфД извадија програма во десет точки за првите 100 дена откако на изборите на 6 септември планираат да ја преземат власта во покраината Саска-Анхалт. 
  • Нивната победа таму се чини неизбежна со оглед на тоа што имаат поддршка од 40 % и веројатно и сами ќе можат да состават влада. 
  • Планираат да укинат задолжително плаќање на јавниот медиумски сервис, да ги зголемат капацитетите за притвор на оние кои чекаат депортација, да укинат финансирање на организации кои добиваат пари од странство, да забранат истакнување друго знаме освен државното во училиштата, да ги преиспитаат мерките донесени за време на пандемијата и да дадат субвенции за учениците во занаетчиските струки.
  •  АфД би можеле да бидат владејачка партија и на сојузно ниво бидејќи имаат предност во однос на владејачките но ЦДУ но за тоа во моментов немаат доволно коалиционен мастраф.
извор

Никола Груевски ослободен за случајот „Талир 2“

14 July 2026
  • Share
  • Post
  • Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“, за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
  • Судијката Даниела Алексовска објасни дека ослободителната пресуда е директна последица на законските измени од 2023 година, а не на различна оценка на доказите.
  • Според Судот, иако претходно истите докази биле доволни за да се утврди злоупотреба на службената положба, по законските измени тие не биле доволни за да се докаже кривичното дело пречекорување на службените овластувања.
  • Трошоците за судската постапка паѓаат на Буџетот на државата. Судот го одби и предлогот на Обвинителството за конфискација на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
  • Предметот „Талир 2“ повторно беше отворен по одлуката на Апелацискиот суд од јануари 2024 година, кога првостепената пресуда беше укината поради измените на Кривичниот законик. Во првото судење во 2022 година Груевски беше неправосилно осуден на 6 години затвор, но постапката беше вратена на повторно судење.
     
извор

Суд дозволи тужби за ризиците од лекот Тиленол

14 July 2026
  • Share
  • Post
  • Американски федерален суд пресуди дека има основа за покренување тужби против фармацевтската компанија Кенвју во врска со тврдењата дека нејзиниот лек против болки Тиленол може да предизвика аутизам.
  • Окружниот апелационен суд во Њујорк објави дека судијата од понискиот суд немал основа да го исклучи сведочењето на Андреа Бакарели, декан на факултетот за јавно здравје на Универзитетот Харвард, бидејќи наводно не одразувал сигурна примена на научни методи.
  • „Ова е оправдување за научните докази што нашите клиенти ги презентираа од почетокот. Со нетрпение очекуваме да ги презентираме тие докази пред поротата“, изјави Ешли Келер, адвокат што застапува група тужители.
  • Претседателот Доналд Трамп лани им советуваше на бремените жени да не го користат лекот против болки. Обвинителот на Тексас поднесе тужба.
  • Ризиците од Тиленол ги открил првичниот производител Johnson & Johnson, но избегнал да објави предупредување на пакувањето, туку го издвоил своето Одделение за здравје на потрошувачите во нова компанија Кенвју, со што практично ѝ ја префрлил и одговорноста. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ист ни бил јазикот

Балканштина
2

Украинците водат против Русите во битката за дезертирање

Свет
3

Митови за Вучиќ

Балканштина
4

Мик Џегер: Нема ништо добро во стареењето

Музика
5

Одамна една сцена татко-син не нè допрела волку

Балканштина
6

За дијалог не се потребни двајца

Балканштина
7

Како супермаркетите се богатат од бесплатни залчиња

Занимливости
8

Долга е раката на ВИ

1

Како супермаркетите се богатат од бесплатни залчиња

Занимливости
2

Украинците водат против Русите во битката за дезертирање

Свет
3

Мик Џегер: Нема ништо добро во стареењето

Музика
4

Долга е раката на ВИ

5

Тексас против „шеријатските градови“

Свет
6

АфД спремни за преземање на власта во Германија

7

Сенатот на САД е елитен клуб на старци

Разно
8

Суд дозволи тужби за ризиците од лекот Тиленол

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Тие дворот не можат да си го средат....

Балканштина

ВИ баба за виралноста и алгоритмите

Балканштина

Одамна една сцена татко-син не нè допрела волку

Балканштина

За дијалог не се потребни двајца

Балканштина

Митови за Вучиќ

Балканштина

Ист ни бил јазикот

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Болната тајна на хомосексуалците

Душко Радовиќ за почеток на годината

Кумовите на ДБК

Кога експертите лажат најубедливо?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy