Тројца загинати во Мексико, во прославите на пласманот во осминафинале
1 July 2026
- Повеќе од милион луѓе се собрале на главниот плоштад во Мексико Сити за време на прославата на победата 2-0 над Еквадор за пласман во осминафинале. Мексинаците играат одлично Светско првенство, редат победи, а навивачите ги бодрат од преполни трибини.
- Но масовните и еуфорични прослави земаа и жртви. Три лица биле прегазени и загинале на лице место во огромниот хаотичен метеж, соопштил државниот секретаријат за здравство на Мексико.
- Лицата загинале на различни локации околу плоштадот „Ангел на независноста“.
- Загинати се 44-годишен маж, 19-годишна девојка и 48-годишна жена кои биле префрлени во болница но таму била констатирана смрт.