Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Крај на ерата во Лејкерси наречена Леброн Џејмс

1 July 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Она за што се шпекулираше со месеци во кошаркарските кругови низ целиот свет, сега доби официјална потврда. Леброн Џејмс дефинитивно ги напушта Лос Анџелес Лејкерс. Ќе игра и во сезоната 2026/2027, ама на друго место. 
  • Оваа ексклузивна информација лично за американскиот ESPN ја потврди Рич Пол, извршен директор на агенцијата Klutch Sports и долгогодишен агент и најблизок соработник на Леброн. Потоа стигна потврда и од самиот клуб.
  • Заминувањето на „Кралот“ од Лос Анџелес по осум сезони кој им донесе шампионска титула во 2020 година, претставува најголем земјотрес на летниот кошаркарски пазар. 
  • Иако се приближува кон својата 42-ра година, Леброн сè уште поседува извонреден квалитет, па затоа се очекува вистинска војна во наредните часови меѓу екипите што имаат буџетска можност за да го привлечат легендарниот ас. 
  • Се шпекулира дека најдобриот стрелец во историјата на НБА ќе ја игра својата 24-та сезона дома во Охајо или пак во еден од големите кандидати за прстенот.
извор

Тројца загинати во Мексико, во прославите на пласманот во осминафинале

1 July 2026
  • Share
  • Post
  • Повеќе од милион луѓе се собрале на главниот плоштад во Мексико Сити за време на прославата на победата 2-0 над Еквадор за пласман во осминафинале. Мексинаците играат одлично Светско првенство, редат победи, а навивачите ги бодрат од преполни трибини.
  • Но масовните и еуфорични прослави земаа и жртви. Три лица биле прегазени и загинале на лице место во огромниот хаотичен метеж, соопштил државниот секретаријат за здравство на Мексико.
  • Лицата загинале на различни локации околу плоштадот „Ангел на независноста“.
  • Загинати се 44-годишен маж, 19-годишна девојка и 48-годишна жена кои биле префрлени во болница но таму била констатирана смрт.
извор

Куман си поднесе оставка

1 July 2026
  • Share
  • Post
  • Роналд Куман се повлече од функцијата селектор на Холандија по драматичнaта елиминација на пенали од Мексико.
  • Поранешниот тренер на Барселона заминува среде облак од разочарување и шокантен извештај за расистички навреди насочени кон членовите на неговиот тим, пишува goal.com.
  • „Сите го делевме истиот сон да направиме историја на ова Светско првенство, но не успеавме. Никој не е поразочаран поради тоа од мене. Одговорноста на крајот е моја“, стои во дел од неговото соопштение.
  • Ова му беше втор селектоски мандат во својата земја, која претходно ја водеше во периодот 2018-2020.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Мајка и ќерка од Ријека должат за данок 150 милиони евра

2

Евзони за српски огласи

Балканштина
3

Македонската тениска федерација одржа прес баш додека играше Лина на Вимблдон

4

Голманот на Мароко со невидена ракометна одбрана во пенал серијата

Фудбал
5

Крим ќе ја реши украинската војна

Свет
6

Хаос на бензиските во Русија

7

К-15 во контекст на Лина

Навивачи
8

Да се потсетиме на првиот Македонец што играше на Гренд слем турнирите

1

Македонската тениска федерација одржа прес баш додека играше Лина на Вимблдон

2

Голманот на Мароко со невидена ракометна одбрана во пенал серијата

Фудбал
3

К-15 во контекст на Лина

Навивачи
4

Да се потсетиме на првиот Македонец што играше на Гренд слем турнирите

5

Лина ја испиша историјата на Вимблдон и пружи солиден отпор

Разно
6

Афоризми, гатанки и филозофија: Мудриот филозоф кој ја исфрли Германија

Фудбал
7

Си ја знае режисерот работата, ај ти

Фудбал
8

Како навивачите се радуваат на Светско, ja има и Италија

Навивачи
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Македонштина

Некој да ни го објасни овој магијски ритуал

Разно

Македонска реклама не мора да биде глупа

Балканштина

7 минути црногорска епика: Илијада на гусли

Балканштина

Пасворд за низ Америка: Министер оф Кроејша

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Убавите луѓе се досадни

Кој немал лесна жена....

Зошто луѓето на старите портрети не се смеат?

Како политичката коректност го замолче Лу Рид

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy