Толку од него, „Лудиот“ заминува од Уругвај
1 July 2026
- Аргентинскиот тренер Марсело Биелса, познат под прекарот El Loco („Лудиот“) одржал 100-минутна прес-конференција по враќањето во Уругвај каде соопштил дека ја напушта клупата на репрезентацијата на оваа земја после дебаклот на Светското првенство.
- Уругвај беше една од најслабите репрезентации уште во групната фаза каде одиграа само 1-1 против Саудиска Арабија, 2-2 против дебитантот и анонимус Зеленортски острови и изгубија 0-1 од Шпанија. Со само 2 бода ги спакуваа куферите и си отидоа дома.
-
70-годишниот Биелса пред три години седна на клупата на Уругвај со цел да го промени стилот на игра и да ја спроведе смената на генерации но на крајот остана горчина.
„Овој крај, ова простување е многу болно. Поради илузиите кои ги гаев и грдиот начин на кој се се заврши. Ако морам да го оценам учинокот на момците кои ги водев, чувствувам дека ги разочаравме навивачите. Тоа е огромна фрустрација. Беше потполно непредвидливо дека исходот ќе биде ваков. Тешко е тоа и да се замисли. Ова е пад кој е тешко да се поднесе“.
- „Совршено можам да објаснам зошто мораше да ја завршиме групата со седум бода. Нема сериозна, промислена, објаснета анализа зошто не победивме против Саудиска Арабија, зошто не победивме против Зеленортски острови и зошто не одигравме нерешено со Шпанија. Бевме обединети да истрчаме 20% повеќе од Саудиска Арабија, 30% повеќе од Зеленортски острови и 25% повеќе од Шпанија“, рекол Биелса.
- На долгата прес-конференција тој бил прашан од новинарите и за ветеранот на голот Фернандо Муслера кој беше директен кривец за дури 3 примени гола после катастрофални реакции па на последниот натпревар побара да биде заменет на полувремето. „Никогаш не ми се случило играч да ми побара да го заменам поради грешките кои ги направил. Муслер ами кажа дека тој бил толку скршен од грешките што ги направил така што сакал да прекине да игра зошто групата патела а тој не бил во најдобра форма да се соочи со предизвиците во вториот дел“.