Почина Цирко, единствениот човек на планетава кој можеше да го прераскаже „Андулизскиот пес“
5 May 2026
- На 63 години почина Рамуш Муарем – Цирко, еден од најавтентичните ликови во македонскиот етер и јавен простор.
- Му беа битни правата на Ромите, беше новинар, уредник, актер, шармантен, забавен и добар човек.
- Сето тоа можеше да се види во неговата емисија „Циркотека“ која одеше на телевизијата БТР.
- Флеш од минатото: Дента ќе се одржи (подоцна ќе сфатиме) легендарниот концерт на Ману Чао на Лизгалиште. Бината се спрема, ќе има прес конференција, Ману се шутка наоколу, дечките од БТР играат фудбалче на мали голови. Прифаќаат да го земат и него, да поигра. 15 минути подоцна станува јасно дека Ману дреме таму, овие не му додаваат.
- Зошто бе Цирко не му додавате на човекот?
- Затоа што е труп.
* Целата епизода на Уа шнајдери - тука