Првата голема корпа од Маѓар за ЕУ
16 April 2026
- Победникот на унгарските избори и иден премиер на земјата, јавно се произнесе по барањата на Брисел со кои се условуваше неговиот претходник Виктор Орбан.
- На тој начин ЕУ држеше замрзнати меѓу 17 и 35 милијарди евра за Унгарија од Фондот за опоравување и отпорност.
- Брисел за Унгарија има 27 барања. Петер Маѓар им порача дека има намера да исполни само четири.
- мерки против корупција (на пр., приклучување кон Канцеларијата на европскиот јавен обвинител).
- враќање на независноста на судството и истражните органи.
- обезбедување на слободата на печатот и прекин на владиното финансирање на медиумите.
- враќање на академската слобода.
- Во делот на медиумите, некои најави на Маѓар веќе предизвикаа загрижено внимание: на пример дека ќе ги суспендира вестите на државните медиуми додека уредниците не се опаметат.