Култна екипа на Комити среде Франција

Ја имаме навивачката фотографија на денот. Комити во акција во Франција по повод гостувањето на Вардар против Бордо, во првото коло од Купот на УЕФА на 25 септември 1995-та. Јака екипа е ова составена од Манки, Жути, Капат, Мац Црни. Допишете во коментар ако препознаете уште некој.

Само една од јаките приказни од тие златни фудбалски и навивачки времиња.

Дечково да не ви е познат од негде? Не играше и на двете.

Првата на Градски заврши 0:2. Вардар на реваншот одигра 1:1. Стрелци Лизаразу и Жарко Серафимовски.

Вардар: Зекир, Бојчевски, Караџов, Марковски, Николовски, Јовановски, Вујовиќ, Ѓорѓиоски, Петрески, Серафимовски, Шаќири (замени: Стојковски) тренер: Илија Димовски

16 април 2026 - 09:22