Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Пентагон бара од Форд и Џенерал Моторс да произведуваат оружје

16 April 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Првпат по втората светска војна, владата на САД побара од автомобилските компании да произведуваат оружје, бидејќи војната против Иран и воената поддршка за Украина ги исцрпеа американските залихи.
  • Дискусиите почнале уште пред војната во Иран, велат изворите на Волстрит џурнал. Пентагон ја претставил иницијативата како „прашање од национална безбедност“. Високи функционери веќе разговарале со директорите на Џенерал Моторс, Форд, Ошкош, ЏЕ Ероспејс и на други компании за пренамена на нивните погони и работници за производство на муниција, борбени транспортери и воена опрема.
  • Неодамнешното барање на Пентагон за буџет од 1.500 милијарди долари опфаќа зголемување на инвестициите за производство на муниција и беспилотни летала.
  • Администрацијата на Трамп побара помош од Џенерал Моторс и од Форд за време на пандемијата на ковид, кога тие произведоа десетици илјади медицински вентилатори.
  • Фабриките во Детроит целосно го запреа производството на коли за време на Втората светска војна, кога своите погони ги пренаменија за бомбардери и за мотори за авиони и камиони.
извор

ЕУ ќе изгуби 53 милиони жители до 2100-та

17 April 2026
  • Share
  • Post
  • Населението на ЕУ ќе се намали за 11,7%, односно за 53 милиони, до крајот на овој век, покажуваат најновите проекции на Евростат.
  • На крајот на 2025 година, ЕУ имала 451,8 милиони жители, повеќе отколку во претходната година. Населението, според проекциите, ќе продолжи да се зголемува уште три години, ќе го достигне врвот од 453,3 милиони во 2029 година, а потоа ќе почне да се намалува до 398,8 милиони во 2100 година.
  • Проектираната пирамида на возраста покажува дека процентот на деца и млади (до 19 години) ќе се намали од 20% на 17%, а на работоспособните возрасни лица од 58% на 50%.
  • Во 2100 година 17% од жителите на ЕУ ќе бидат на возраст од 65 до 79 години, а 16 ќе бидат постари од 80 години. 
  • Резултатите се базираат на проценки според моделите на плодност, морталитет и миграција.
извор

Зеленски ќе праќа во затвор за антисемитизам

17 April 2026
  • Share
  • Post
  • Претседателот Володимир Зеленски потпиша нов закон со кој антисемитизмот се прогласува за кривично дело во Украина, со казни до осум години затвор.
  • Во членот за „кршење на еднаквоста на граѓаните врз основа на нивната раса, националност, религиозни верувања или попреченост“, сега е додадено и „манифестации на антисемитизам“.
  • „Поттикнувањето антисемитизам“ сега ќе биде казниво со 200 до 500 „минимални приходи“ (660 до 1.600 евра), со условна казна од 5 години или затвор до три години. Ако притоа се констатираат насилство, измама и закани, казната е до 5 години затвор. Ако антисемитизмот е извршен од организирана група или ако има сериозни последици, казните се од 5 до 8 години затвор.
  • Во 2021 година Украина усвои и посебен Закон за спречување и борба против антисемитизмот, во кој не беа предвидени затворски казни. За форми на антисемитизам беа дефинирани негирање на правото на самоидентификација на Евреи, повици за убиство или оправдување на убиство на Евреи или предизвикување штета поради радикални идеологии или екстремистички религиозни ставови.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Култна екипа на Комити среде Франција

Навивачи
2

Првата голема корпа од Маѓар за ЕУ

3

Еден по еден, снема десет луѓе со пристап до најголемите тајни на САД

Занимливости
4

Вака не се носи дресот на Реал Мадрид

Фудбал
5

Српска трансџендер математика

Балканштина
6

Трајна носталгија

Балканштина
7

Астронаутите од „Артемис II“ се вратија дома

Балканштина
8

„Будалата“ што правел сè погрешно, а излегувал во ќар

Bookbox
1

Еден по еден, снема десет луѓе со пристап до најголемите тајни на САД

Занимливости
2

Првата голема корпа од Маѓар за ЕУ

3

Може ли да му се верува на човекот што сака да ја контролира нашата иднина?

Свет
4

Мегаструктурите ни крадат милисекунди

Наука
5

Целиот свет во криза, а кинеската економија засилено расте

6

Мигранти лажат дека се геј за да добијат азил во Британија

Свет
7

Европски авиокомпании откажуваат стотици летови

8

25 милиони Иранци спремни да се жртвуваат за татковината

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Српска трансџендер математика

Балканштина

Астронаутите од „Артемис II“ се вратија дома

Балканштина

Трајна носталгија

Македонштина

Џонтра Волта и Шонко Нери, имаме понуда за вас

Балканштина

Торта изгубена во преводот

Разно

Ќе ги биде ли конечно Македонски пошти?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Синоќа леб се направивме

Мислите дека ние имаме проблем со името?

Видео убод од комарец

Шопинг беснеење за сиромашни (и скржави)

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy