- Предводен од сјајниот шпански стручњак Унаи Емери, Астон Вила прави чуда. Синоќа клубот од Бирмингем стигна до 11-ти триумф по ред во сите натпреварувања што е рекордна серија во клупската историја.
- Астон Вила губеше од Челси на гости 1-0 од 37' минута кога Жоао Педро погоди за сините.
- Гостите направија целосен пресврт преку нововлезениот Оли Воткинс кој даде два гола во 63-та и 84-та минута за триумф 1-2. Вила сега има 39 бода и е на трето место со само бод зад Манчестер Сити и три зад лидерот Арсенал.
- Најпријатното изненадување досега сезонава во Премиер лига, Сандерленд е силно погоден со отсуства на играчи од Африка кои отпатуваа на тамошниот најголем спортски настан - Куп на африкански нации 2025.
- На Сандерленд во продолжение од сезоната, најмалку во следните 20-ина дена ќе му фалат дури шест првотимци: Артур Масуаку и Ноа Садики (ДР Конго), Реинилдо (Мозамбик), Хабиб Диара (Мали), Чемсдин Талби (Мароко) и Бертран Траоре (Буркина Фасо). Сите се во Мароко на КАН 2025.
- Мохамед Салах малку ќе се олади од турбулентниот период во Ливерпул и сега ужива во фудбалот со неговиот Египет. Манчестер Јунајтед ќе остане без тројца фудбалери: Нусар Мазрауи, Брајан Ембуемо и Амад Диало (стрелец на победнички гол за Брег на Слонова Коска против Мозамбик).
- Од Франција дури 51 фудбалер од Лига 1 е на Африкански Куп на нации но француската лига отиде на зимска пауза и паметно ќе го избегне овој период до 2-ри јануари кога повеќето од играчите веќе би требало да се враќаат (тогаш ќе се игра нокаут фаза во Мароко).
- Од Серија А на КАН 2025 се 21 фудбалер, од Бундеслига 18 играчи а од шпанска Ла Лига 15 во вкупно 24 репрезентации на големиот турнир во Мароко.
- Двете вили кои Кристијано Роналдо и неговата девојка Георгина си ги купиле еден на друг се приватен комплекс во Нуџума (Саудиска Арабија) управуван од Риц-Карлтон, една од најпознатите компании во областа на луксузното хотелиерство.
- Кристијано Роналдо и Георгина купиле две вили на остров во Мар Росо на дваесет и шест километри од копно. Таму може да се стигне само по воден пат.
- Најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина и неговата девојка со која има 2 деца, редовно за Нова година си подаруваат ултра луксузни и астрономско скапи подароци како најмодерни автомобили, вили, накит...