Скопското Обвинителство поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“ со која се опфатени шест лица: медицинскиот директор, организацискиот директор на клиниката и четворица онколози, меѓу кои и еден поранешен директор.
Јавното обвинителство на прес-конференција откри шокантни информации околу истрагата, им давале терапија на пациентите, а знаеле дека немаат никаква корист од неа и дополнително го влошувале нивното здравје.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш алармираше дека Газа се соочува со најсуровата фаза од војната поради драстичниот недостаток на основни хуманитарни потрепштини.
На почетокот на март, Израел воведе 11-неделна блокада на помошта.
Неодамна дозволи влез на ограничен број камиони со хуманитарна помош преку преминот Керем Шалом но и тие камиони попат биваат ограбени од бандити или очајни цивили.
Гутереш предупреди дека одобрените залихи се еднакви на „лажичка помош во време кога е потребна поплава“ и дека само околу една третина од камионите со помош стигнале до магацините во Газа поради безбедносни ризици.
Американскиот претстедател ја разгорува трговската војна против светот заканувајќи ѝ се на Европската Унија со царини од 50 проценти.
Истовремено, ја искористи приликата да се закани со високи давачки од 25% за Ајфони на Епл кои се произведуваат надвор од САД.
Трамп тврди дека ЕУ е многу тешка за договaraање а актуелното „искористување“ на Америка е неприфатливо.
Со овие потези паднаа во вода надежите дека трговската војна на Трамп се лади, откако со Кинезите договорија тајм-аут од 90 дена.
Професорот Џефри Сакс тврди дека она што Трамп не го разбира се учи на вториот ден од неговата школа за меѓународна монетарна политика. Види: Економски лекции за Трамп