- Данска ќе ја зголеми на 70 години старосната граница за пензионирање до 2040 година. Со новиот закон ќе бидат опфатени сите државјани родени по 31 декември 1970 година.
- Границата секои пет години се прилагодува на очекуваниот просечен животен век. Данците сега во пензија одат на 67 години. Границата во 2030 ќе биде поместена на 68 години, а во 2035 на 69 години.
- Додека пратениците дебатираа за законот, синдикати организираа протести во Копенхаген.
- „Ова е неразумно. Работиме, работиме и работиме, до кога? Цел живот плаќам даноци. Треба да имам време да поминам со децата и внуците“, реагира за порталот ДК работникот Томас Јенсен.
- Границата за пензионирање во Данска е највисока во Европа. Во соседна Шведска во пензија се оди и со 63 години.
- На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
- Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна.
- Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка.
- Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
- Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
- Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
- Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
- Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!