- Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш алармираше дека Газа се соочува со најсуровата фаза од војната поради драстичниот недостаток на основни хуманитарни потрепштини.
- На почетокот на март, Израел воведе 11-неделна блокада на помошта.
- Неодамна дозволи влез на ограничен број камиони со хуманитарна помош преку преминот Керем Шалом но и тие камиони попат биваат ограбени од бандити или очајни цивили.
- Гутереш предупреди дека одобрените залихи се еднакви на „лажичка помош во време кога е потребна поплава“ и дека само околу една третина од камионите со помош стигнале до магацините во Газа поради безбедносни ризици.
- Реагирајќи на жалба на Првите народи, суд во Едмонтон ја блокира иницијативата за организирање референдум за независност на канадската провинција Алберта.
- Движењето Stay Free Alberta достави барање со потписи од 300.000 потписи, што ја обврзува покраинската влада да распише референдум за прашањето за независност.
- Судијката Шаина Леонард ја запре процедурата, пресудувајќи дека за иницијативата не биле консултирани домородните племиња Атабаска Чипјујан, Блад, Пиикани и Сиксика, поради што биле загрозени договорите што тие во 19 век ги постигнале со тогашните британски власти.
- „Меѓународната граница би го уништила нивниот начин на живот. Нема шанси тие да продолжат да живеат како што живееле во изминатите 7.000 години“, изјави адвокат на племето Чипјујан.
- Американскиот претседател се решил да оди со ласкање иако домаќинот јасно предупредил да внимава да не дојде до големо недоразбирање меѓу двете земји.
- Претседателот Си нагласил дека прашањето за Тајван е најважното прашање во односите меѓу Кина и САД. Доколку се реши правилно, билатералните односи ќе уживаат целокупна стабилност. Во спротивно, двете земји ќе имаат судири, па дури и конфликти, ставајќи ги комплетните односи во голема опасност.
- „Независноста на Тајван“ и мирот преку теснецот се непомирливи како оган и вода, смета кинескиот претседател. Зачувувањето на мирот и стабилноста низ Тајванскиот теснец е најголемиот заеднички именител меѓу Кина и САД поради што американската страна мора да покаже дополнителна претпазливост во решавањето на прашањето на Тајван, му биле порачано на гостинот.