Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Елена Митревска - нова уметничка директорка на два хора на Данското радио

9 May 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Mакедонската диригентка со европска кариера Елена Митревска од 1 јануари 2026 ќе биде уметничка директорка на хоровите на Данското радио (ДР) – Дански национален вокален ансамбл и Концертен хор на Данското радио.
  • Митревска (42) дипломирала на Одделот за музичка теорија и педагогија на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2008. Образованието го продолжи во Виена, на Универзитетот за музика и изведувачки уметности, каде што дипломираше прво на Одделот за хорско диригирање, а потоа и на Одделот за оркестарско диригирање. Од 2016 до 2020 беше ангажирана како хор-мајстор во операта во Овиедо, Шпанија, а од 2020  е главен хорски диригент во операта во Малме, Шведска.
  • „По пет години во Скандинавија, имам огромна почит кон единствената хорска традиција во регионот и возбудена сум што ќе ги истражувам богатите музички корени на хоровите на ДР. И двата ансамбла се меѓународно познати по нивниот препознатлив звук – вкоренет во силна традиција и ценетото данско наследство на песни, кое ќе продолжиме да го почитуваме“, изјави во соопштение за медиумите Митревска, додавајќи дека ќе го прошири репертоарот на хоровите со живи дански композитори.
извор

Платформата на МАНУ со ресурси за македонскиот јазик конечно безбедна по честите хакерски напади

28 May 2025
  • Share
  • Post
  • Стотина изданија – монографии и зборници за македонскиот стандарден и дијалектен јазик, збирки стари текстови, речници, меѓу кои Тријазичникот на Ѓорѓија Пулевски, книгата „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков, Абецедарот објавен пред сто години во Атина – се достапни во електронска форма на веб-порталот Дигитални ресурси на македонскиот јазик, креиран од Истражувачкиот центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ) при МАНУ.  
  • Веб-порталот беше презентиран денеска (28.5.) во МАНУ, во рамки на промоцијата на „Македонски дијалектен атлас (од ризницата на картотеката лексички материјали)“. 
  •  „Јас не можам да апелирам МАНУ да вработи информатичар, тоа е исто како да се побара астронаут да биде примен. Претседателството се обидува на разни начини и поентата е дека успеавме од тоа што ги имавме на тврди дискови да обновиме и да го поставиме на надворешен сервер, комерцијален, но сепак да си стои сето тоа под МАНУ“, изјави на настанот академик Марјан Марковиќ, одговорен за проектот.
извор

Промоција на „Актерот и просторот“ на славниот режисер Деклан Донелан

27 May 2025
  • Share
  • Post
  • Утре, 28 мај (среда) во 12 часот во фоајето на Театар Комедија ќе се промовира книгата „Актерот и просторот“, меѓународно признат театарски и филмски режисер и ко-директор на театарската компанија Cheek By Jowl. Со ова издание Театар Комедија продолжува со превод и објавување на значајни дела од театарската теорија и естетика. Преводот е на Бисера Бендевска, а промотор ќе биде проф. Иван Додовски.
  • Посетата на Донелан на Македонија е поврзана со работилница за театарски режисери што ја држи со неговиот колега Ник Ормерод (26 и 27 мај).
  • „Книгава е како рачна граната. Содржи понизност и дрскост – сè што е потребно за работа во театар“, изјавила Кејт Бланшет.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

После сцената во авионот, ова е уште посмешно

Видео
2

Гнасен крај на пријателството на Маск и Трамп

Свет
3

Да се насмееме

Онака
4

„За да играм за Македонија менував четири авиони, децата од дијаспората не сакаат“

Фудбал
5

Во одбрана на својот рецепт

Балканштина
6

Експериментот што докажа дека луѓето плаќаат бренд, а не производ

7

Познатиот турски готвач избркан од прославата на ПСЖ

Фудбал
8

Вонредна состојба во Тирана за дуелот Албанија - Србија од квалификации

Фудбал
1

Во период на заклучување оценки, да видиме каков школски успех имал Ајнштајн

Bookbox
2

Човекот што ги измисли инстант нудлите

Bookbox
3

Кога Марија Жоао го пееше Шекспир

Bookbox
4

Од каде името „хот дог“ и дали има врска со куче?

Bookbox
5

Во Холандија се отвори Музеј на миграцијата

Bookbox
6

Човекот со најдолгото име на светот

Bookbox
7

Букбокс од лице место: На гости кај Ајнштајн во Берн

Bookbox
8

Букбокс гледаше: „Маунтинхед“ (2025)

Гледанка
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Во одбрана на својот рецепт

Балканштина

Некогаш мора вака

Македонштина

Никогаш никакви поуки ние нема да извлечеме

Медиуми

Е не, Топ тема ќе гледаат

Македонштина

Само тие ли да немаат тврда дивоградба?

Балканштина

За или против комунистите?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Љубовта е скапа работа

На Даре јакната

Bitch Slap на денот

Музика со професорска позадина

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy