Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Промоција на „Актерот и просторот“ на славниот режисер Деклан Донелан

27 May 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Утре, 28 мај (среда) во 12 часот во фоајето на Театар Комедија ќе се промовира книгата „Актерот и просторот“, меѓународно признат театарски и филмски режисер и ко-директор на театарската компанија Cheek By Jowl. Со ова издание Театар Комедија продолжува со превод и објавување на значајни дела од театарската теорија и естетика. Преводот е на Бисера Бендевска, а промотор ќе биде проф. Иван Додовски.
  • Посетата на Донелан на Македонија е поврзана со работилница за театарски режисери што ја држи со неговиот колега Ник Ормерод (26 и 27 мај).
  • „Книгава е како рачна граната. Содржи понизност и дрскост – сè што е потребно за работа во театар“, изјавила Кејт Бланшет.
извор

Почина Мајкл Мадсен од „Резервоар догс“ и „Кил Бил“

4 July 2025
  • Share
  • Post

(фото: Epa Images)

  • На 67 годишна возраст, Мајкл Мадсен, најпознат по соработките со Квентин Тарантино и над 300-те филмови во кои е наведен како актер на Имдб, е пронајден мртов во својот дом во Малибу. Првично, станува збор за срцев удар.
  • Неговата филмографија опфаќа антологиски филмови како „Дони Браско“, „Телма и Луиз“, „Град на гревот“ и „Дорс“, но поради долгови на списокот има и куп промашувања, на пример филмови на руски јазик во кои е именуван само како „агент“, а позајмуваше и глас за видео игри. За негова најголема утка се смета пропуштањето на улогата на Џон Траволта во „Палп Фикшн“ затоа што тогаш го снимал „Вајат Ерп“.
  • „Ако Том Хенкс ја долови природната пристојност на просечниот Американец, Мадсен беше од оние кои ликови на кои не сакате да налетате во полноќна сендвичарница или во празен вагон на градското метро, еден од оние кои ве ежат дури и ако се само ликови во роман на Чендлер.“ (тука)
извор

Почина Ренато Баретиќ

1 July 2025
  • Share
  • Post
  • Хрватскиот новинар, писател, сценарист и актер Ренато Баретиќ, чии дела беа преведувани и на македонски, почина на 63 години во сплитската болница. 
  • Романот „Осмиот пратеник“ се смета за негово најдобро дело за кое има добиено бројни книжевни награди, а адаптиран е и во истоимениот филм (Букбокс осврт од 2010 за книгата тука).
  • Роден е во Загреб, каде на Филозофскиот факултет студирал компаративна книжевност. Во 1983 се вработува како новинар и пишува за бројни хрватски весници и списанија. Меѓу другото беше редовен колумнист на Слободна Далмација. Еден е од основачите на сплитската културно-забавна манифестација Причигин.
  • Во ексклузивно интервју за Букбокс даде ветување дека на 80 ќе оди во јавна куќа. За жал не го дочека 80-тиот роденден. 

Види и: „Сплит за почетници - абецеда на градот“ од Ренато Баретиќ и Ивица Иванишевиќ

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Фала Заев, фала Димитров

Македонски рулет
2

Со постот се претера

Македонштина
3

Крвта, неписмени, крвта

Македонштина
4

Лудачкиот бакшиш на Џордан во Грција

5

Кукоч еднаш пиел со Родман и никогаш повеќе

Кошарка
6

Ние што не сме дивоградби, гледа ли некој како живееме?

Македонштина
7

Toj т'п, ние упорити

Македонски рулет
8

Битолскa дисциплина

Балканштина
1

Наскоро серија со Стујарт од „Биг бенг тиори“

Bookbox
2

Британскиот образовен експеримент од 1960-тите кои оставил неписмени цели генерации

Bookbox
3

Почина физичарот кому треба да му заблагодариме за Џипиес-от

Bookbox
4

Стигмергија - ако секој си ја гледа својата работа и ги инспирира останатите да го прават истото

Bookbox
5

Франческо Лентини - човекот со вистинска трета нога

Bookbox
6

„Бергман е единствениот што го знаев што плачел кога умрел Хитлер“

Bookbox
7

Уште еден скандал со лажен мемоар

Bookbox
8

Кога тенисот бил опасен спорт кој се играл со волнени топчиња

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Битолскa дисциплина

Македонштина

Со постот се претера

Македонштина

Ние што не сме дивоградби, гледа ли некој како живееме?

Македонштина

Крвта, неписмени, крвта

Балканштина

Да била машко, на друго ќе накапала

Македонштина

Вака се сака Преспански

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

На пупку минѓуша

Ајд' полако!

Дијагнозата наречена „тричко“

Боуви, биди така

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy