Компанијата трансформираше поранешна продавница на Армани во богаташки бутик, го наполни со обични, евтини чевли умно ребрендирани под „Палеси“ и за да ја направат помагична илузијата на ексклузивност, се споија со адвертајзинг агенцијата DCX и создадоа раскошен амбиент, златни кукли и екстравагантни декорации.
Потоа, поканија модни инфлуенсери на отворањето, без да им шепнат за какви чевли всушност се работи. Замислете - да се отвори „луксузен“ дуќан во некој од големите молови, или на улица Македонија и да се наполни со чевли од маалско продавниче во Кисела Вода, каде што кога има попусти знаат да бидат и 300 денари.
И доаѓаат инфлуенсерите, омагијани од таа шик презентација, па пазарат, па пофалуваат колку е квалитетно и елегантно, каква софистицираност е во прашање и некои даваат и по 645 долари за чевли чија цена е обично меѓу 20 и 40 долари.
Кога Пејлес им ја открива вистината, им ги враќаат парите и им дозволуваат да ги задржат чевлите, истакнувајќи дека квалитетните, модерни обувки не мора да доаѓаат по луксузна цена.
Кампањата не само што доби огромна медиумска покриеност - испровоцира и дискусии околу брендирање, перцепција на потрошувачи и психологијата на цената.