Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

„Читкаст“ - нов книжевен видео подкаст на македонски

1 May 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Наташа Атанасова (blen.mk) и Марија Павлеска (@mama_mi_chita) го започнаа книжевниот подкаст ЧИТКАСТ.
  • Во првата епизода низ игрив дијалог се покриваат куп теми, меѓу кои: Книга, киндл или аудиокнига?; Три книги со најголемо влијание на нивните животи; Една книга што би ја спасиле при пожар; Како бираат што читаат? итн.
  • Заследете ги и очекувате ги новите епизоди!

извор

Почнува Канскиот филмски фестивал 2025

13 May 2025
  • Share
  • Post

(фото: Epa Images)

  • Денес (13 мај) започнува 78. издание на Kaнскиот филмски фестивал, кој ќе трае до 24 мај. Жирито ќе го предводи француската актерка Жулиет Бинош.
  • Спајк Ли, претседателот на жирито од 2021 година, се враќа со филмот „Од највисоко до најниско“, лична интерпретација на „Помеѓу рајот и пеколот“ од Куросава, во кој глуми Дензел Вашингтон (за тоа како оригиналниот филм го променил кривичниот закон на Јапонија пишувавме тука).
  • Вкупно 22 филма се најавени во главната конкуренција, a oвогодинaшниот натпревар укажува на смена на генерации, но некои добро познати имиња сè уште се таму: браќата Дарден, двократни победници од Белгија, со филмот „Млади мајки“, Украинецот Сергеј Лозница со „Двајца обвинители“ и Шкотланѓанката Лин Ремзи со адаптацијата на романот „Умри, љуби“. Вес Андерсон ќе се бори за „Златната палма“ по четврти пат со филмот „Феникиската шема“, со стандардна екипа и неколку свежи лица .
извор

Просториите на Друштвото на писателите на Македонија конечно пристапни за лица со попреченост

12 May 2025
  • Share
  • Post
  • Иако има 42 години, поетесата Искра Донева повеќе од две децении не влегла во просториите на Друштвото на писателите на Македонија. Од основањето во 1947 година, Друштвото е вдомено на една од најатрактивните локации во Скопје, но во стар објект кој не ги отвора широко портите за лицата со попреченост. Минатата недела во ДПМ беа одбележани два значајни настана – одбележување на јубилејот „80 години од кодификацијата на стандардниот македонски јазик“ со претставување на шестемина од новите осум членови на Друштвото и за првпат беше искористен транспортерот за пренос на инвалидски колички од тротоарот пред зградата до просториите на писателската асоцијација.
  • Транспортерот „Антано“ е произведен во Италија. Обезбеден е со помош на отец Пимен и „пријателите со големо срце“. Количката е донација од раководството на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
  • Помагалото беше првпат употребено пред неколку дена на промоцијата на новите членови на ДПМ. Сите возбудени, помалку несигурни во првиот обид, им помогнал случаен минувач и се поминало во најдобар ред. Живко Грозданоски, претседател на ДПМ, вели дека отворањето на вратите на Друштвото за лицата со попреченост, како и секоја форма на инклузивност, значи збогатување на животите.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Папата кој Ватикан не го признава

Религија
2

Британски командоси убивале по свои правила во Ирак и Авганистан

Свет
3

Одговор на нулта ниво мозок

Балканштина
4

Урсула виновна за сите точки од „Фајзергејт“

5

Човекот кој го заборави Мерцедес

На тркала
6

Сезона на трансфери

Балканштина
7

И другпат да прашаш

Балканштина
8

Од Илинденска до Северна

1

Сте забележале дека чет-ботовите стануваат сомнително љубезни и ласкави?

Bookbox
2

Баталете ја Атлантида. Сте чуле за Лемурија?

Bookbox
3

Не е до големината: докторската на Нобеловецот по економија од 28 страници

Bookbox
4

Сакате да си ја поттикнете креативноста? Отселете се.

Bookbox
5

Пингвинкубатор: автоматот за книги од 1937

Bookbox
6

Евровизија како инструмент на „мека моќ“

Bookbox
7

Букбокс гледаше: „Натпреварот“ (2025)

Гледанка
8

Кој го уби Сашко Гешовски?

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Одговор на нулта ниво мозок

Балканштина

Сезона на трансфери

Балканштина

И другпат да прашаш

Македонштина

Ќе има ли раат од вакви со тие камерите?

Балканштина

Фатени лопови

Балканштина

Изгубени во тројката

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како Менхетен беше трампан за морско оревче

Прекардашијан

Само во Кавадарци

Пастирот се менува, овците остануваат

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy