
Без оглед на вашите мотиви, ова ни изгледа (пардон - звучи) супер. Функционира не само во едиторите за текст, туку и на интернет и при пишување мејл. Звуци испуштаат сите букви, но ги има и оние посебните, како она отсечното одење на нов ред и одењето нагоре-надолу по страницата.
За жал во моментов софтверот е достапен само за корисниците на Мекинтош, ама кај и да е ќе можеме и ние да ѝ се порадуваме.