Жената која била погребана во своето „Ферари“

„Во моментот кога ќе го пиете вашето второ кафе, Сандра Ајлин Вест ќе биде погребана во својот скап автомобил“. Вака почнувала статија во весникот Сан Антонио Експрес во мај 1977.

На 10 мај 1977 починала Сандра Вест, позната „инфлуенсерка“ од Беверли Хилс и вдовица на нафтен тајкун. И ова веројатно би била само маргинална вест, да не бил „театарскиот“ погреб кој таа го замислила за себе. Нејзината омилена кола, марка ферари, која во тогашни пари вредела 20.000 долари, послужила како ковчег, во кој таа била поставена во - тантелена спавачица. 

Од 300-те луѓе на погребот, најголемиот дел биле репортери, кои регистрирале како ферарито било поставено во стаклена кутија и потоа спуштено во гробот. Во тестаментот, напишан во 1972, таа побарала да биде погребана „до мојот сопруг, во тантелена спавачица од дизајнерот Портер Лоринг и во моето ферари, со благо спуштено седиште, за да биде поудобно“.

Автомобилот до гробиштата пристигнал со воз и бил чуван од двајца вооружени чувари на приватна локација, додека работниците го поставувале телото на Вест. Ова додуша било едно од трите ферариња кои таа ги поседувала, но веројатно ѝ било омиленото. Останатите биле продадени на аукција, како и други предмети кои ѝ припаѓале на починатата. 

Официјалната причина за смрт на Вест била предозирање со лекови, но јавноста многу пред тоа слушала за „бирарните“ и „психотични“ испади што ги имала. Денес нејзиниот гроб е магнет за туристи. 

13 август 2024 - 11:06