Во неделата вечер „Уште една тура“ го доби Оскарот за најдобар меѓународен филм, а две недели претходно триумфираше во истата категорија на наградите Бафта (ние на крајот од 2020 го прогласивме за филм на годината).
Сценариото за средношколските наставници кои се обидуваат да си го „зачинат“ здодевното секојдневие со микро-дози алкохол очигледно го привлекло вниманието на продуценти од англиското говорно подрачје, па сега ќе се снима и нова верзија, која нема да биде сосема идентична. Режисер или сценарист на римејкот се уште не е потврден. Винтерберг изјавил дека нема да биде вклучен и покрај тоа што претходно има снимано англиски филмови (адаптација на Far From the Madding Crowd според книгата на Томас Харди со Кери Малиган од 2015).
Toj сепак изјавил дека изборот на Леонардо ди Каприо е „брилијантен“ со оглед на тоа што тој имал направено многу интелингентни избори во текот на својата кариера и покажал многу интегритет.
Неодамнешни верзии на наградувани неанглиски филмови го вклучуваат францускиот Intouchables (The Upside) и аргентинскиот трилер The Secret in Their Eyes.
Долгогодишните преговори за римејк на германската комедија „Тони Ердман“ со Џек Николсон, која би го извлекла славниот актер од пензионерскиот спокој, се уште не се завршени.