Уметнички синемаграфи

Свет кој дише

Синемаграфи, онакви гифови кои претставуваат статични сцени во кои се мрда само еден мал дел (на пример уши на маче или лажиче во шоља чај), сме виделе и порано. Но сега уметникот Зак Доерти им дава посебен живот.

„Изолирам рамнина во серија фотографии и таква перспектива која прави тие да се совпаѓаат. Сè што не е на рамнината потоа ќе изгледа како да се движи", го открива неговиот метод уметникот.

Со други зборови, тој фотографира неколку пати иста сцена, секоја од малку поразлична перспектива. Потоа во Фотошоп прави една слика од сите нив, но притоа позадината (пример ѕидот или земјата) не се мрда. Резултатот - филмче, како оние цртани што си ги правевме со тефтерче кога забрзано ги вртиш страниците. Во овие како целиот свет да се движи и да дише.

Повеќе од Зак тука.

 

 

 

 

11 јули 2013 - 12:16