![](/files/styles/780px/public/bookbox/2025/02/14/439672-srce-moe-ushte-kolku-od-15-milijardite-otchukuvanja-ni-ostanuvaat.png?itok=4zzs9rp0)
Студии изведени во 1980-тите покажале дека повеќето срцеви удари се случуваат помеѓу 6 наутро и 12 на пладне, а ако овој временски прозорец се стесни, тогаш тоа е периодот помеѓу 7 и 9 наутро. Најневообичаеното време е многу рано наутро, односно помеѓу 2 и 6 сабајле.
Статистички, најтешките инфаркти најчесто се случуваат во понеделниците, но причините за ова наводно не се јасни (понеделник...прв работен ден...што не е јасно?).
Иако во човечкото тело има поголеми мускули кои можат да влечат со поголема сила, срцето е „најтрудољубивиот“. За секое отчукување тој пумпа 57 милилитри крв, што значи (да, и нас не ни се верува) над 7000 литри дневно!
Мажите со долги домали прсти на раката (тн. „ринг фингер“) имаат помала шанса да добијат рани инфаркти. Оние пак чиј домал прст е со иста или со малку поголема должина од показалецот имаат повисок ризик од срцеви удари во нивните триесети и четириесетти години во споредба со оние чии домали прсти се подолги од нивните показалци. Причината е тестостеронот, кој е „виновен“ и за издолжувањето на овој прст, но и претставува заштита од срцеви болести.
Една старомодна теорија го користи фактот дека постои разлика помеѓу просечната стапка на срцево биење кај мажите и кај жените за да го предвиди полот на бебињата пред да се родат. Наводно, 150 или повеќе отчукувања во минута е за девојче, а помалку од 140 е сигурен знак за момче.
Најмалото срце во животинското царство му припаѓа на еден инсект-светулка. Кај него срцето е микроскопско и има форма на цевче на грбот. За споредба, срцето на синиот кит, најголемото од сите животни, може да тежи 180 килограми. Кога китот е на површина и го обновува кислородот, просечната стапка на отчукување е 25-37 во минута, но кога нурка длабоко во потрага по храна тоа забавува на 4-8 отчукувања во минута.
И на крај, но не и за крај. Сите цицачи, вклучително и луѓето, се топлокрвни, космати 'рбетници кои ги дојат своите бебиња. Но има уште една работа која поретко се спомнува - сите тие имаат срца со „рок“ од 1.5 милијарди отчукувања. Секако, не сите суштества имаат ист животен век - слонот живее подолго од мачката, на пример - но сите споделуваме исти број на отчукувања бидејќи срцата на поголемите животни бијат побавно.
Назад кон метафорите - какво и да е срцето, и колку и да отчукува, гледајте да го имате.