Само една од приказнтие во издание кое ќе се објави наскоро, збирка на модерни италијански волшебни приказни, никогаш претходно не била објавена на англиски. Книгата, под наслов „Калинки и други италијански сказни“, ќе излезе во издание на Принстон Јуниверзити прес на 19 октомври и ќе содржи 20 приказни објавени помеѓу 1875 и 1914, по италијанското политичко обединување. Во неа се застапени Колоди, Доменико Компарети (нарекуван и „италијанскиот Грим“, поради собирањето сказни од целиот свет), и Грација Деледа, единствената Италијанка добитничка на Нобел за литература.
Колоди е вклучен со неговиот превод на „Магарешка кожа“ од францускиот автор на „Пепелашка“, Шарл Перо. Необично за приказна за деца, таа се фокусира на принцеза чиј татко сака да се ожени со неа по смртта на неговата сопруга и нејзина мајка. Принцезата бега од дома носејќи на себе магарешка кожа.
Toj ja има поедноставено верзијата на Перо, и има додадено тоскански сензибилитет. На пример, онаму кадешто Перо едноставно вели дека кралицата и кралот „живееле во совршен брак“, Колоди вели дека тоа биле „две души во една овошна семка“. Оттаму таа може да се смета не само за превод туку и авторска верзија на приказната.
Идејата на кралот се објаснува со тоа што тој доживува нервен слом по смртта на кралицата. Принцезата слушајќи го предлогот речиси се онесвестува, паѓа на колена го моли татка си да не дозволи да се изврши таков грозен чин.
Оригиналната верзија на „Пинокио“ исто така не е баш „нежна“. Пинокио е груб кон Џепето и го убива Штурецот со тоа што фрла чекан кон него - „Со последното цр-цр сиромашкиот падна од ѕидот, мртов“.
Се претпоставува дека токму преводот на италијански на том француски бајки го свртело вниманието кон овој жанр на Колоди. Сепак, италијански професори велат дека токму нивната земја ја има најдолгата традиција на бајки на западот, барем што се однесува до печатените изданија. Најстарите се наоѓаат помеѓу инаку реалистичните приказни во книгата „Пријатни ноќ“ на Џован Франческо Страпарола од 1500-тите, печатена во Венеција, а најстарата книга составена исклучиво волшебни приказни е „Приказната за приказните“ од наполитанецот Џамбатиста Базиле од 1600-тите.