Негова желба била плочата да биде празна, со само еден збор - figment - измислица, нешто за кое сите веруваат дека е реално, но постои само во нивната фантазија. Тоа сепак не се случило: гробот на неконвенционалниот уметник е прилично обичен. Единствена разлика прават предметите кои тука ги оставаат неговите обожаватели: шишиња Шанел и Кока-коли, и секако конзерви Кембелс супа.
Уметничката Медлин Рориг ги документирала овие артефакти во проект кој започнал пред неколку години, со наслов: „Измислици: разговори со Енди". Таа го посетува гробот секој ден и ја фотографира состојбата, а прави интервјуа и со посетителите на кои ќе наиде. Исто така организира и журка на гробот на неговиот роденден (значи денес), на која носи торта и стомачна танчарка.
Доналд Вархола, внук на Енди, кој го посетува гробот, вели дека неговиот вујко би бил воодушевен од идејата. „Да гледа некаде од рајот би рекол: Како не се сетив на ова? Можев да висам на гробот на Мерлин Монро со мојот апарат и да ги снимам луѓето кои доаѓаат".