- Десетина познати писатели, издавачи и уредници од регионот, докажани творци како Каракаш, Жакељ, Алексиева, Бајац, Грлиќ, Османли ќе бидат гости на десетото јубилејно издание на Интернационалниот литературен фестивал „Про-За Балкан“, што ќе се одржи од 18 до 21 септември во Скопје. Нивното творештво ќе биде промовирано на отворањето на манифестацијата, в недела на 18 септември, во 20 часот, што ќе се одржи во Даут-пашиниот амам, во Националната галерија.
- Во рамки на фестивалот ќе се одржи и разговор со хрватскиот режисер и сценарист, Рајко Грлиќ, чиј филм „Караула“ ќе биде прикажан на 21 септември во Кинотека. Разговорот со него е планирано да биде на 19 септември, на вториот фестивалски ден од 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ каде, пак, од 21 часот Бранислав Николов или Пијан Славеј ќе одржи уметнички перфоманс како дел од промоцијата на неговата трета поетска книга, „Полиграф“.
- Во рамки на 10-то издание на „Про-За Балкан“ ќе се одржи и тркалезна маса на тема „Литература/општество/критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените процеси). На третата фестивалска вечер, повторно во преубавиот амбиент на Даут пашин амам, свое видео обраќање ќе има годинашната добитничка на наградата „Прозарт“, Оливера Николова.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.