- Сликањето на плафонот на Систинската капела на славниот уметник не само што му предизвикувало вртоглавица (качен на скеле на 20 метри висина) туку и му ги кинело нервите.
- За да си олесни, тој едно време почнал да пишува поезија. Во 1509 напишал сонет изразувајќи ги своите фрустрации од проектот кој ќе заврши дури во 1512.
- Во делото кое му го испратил на својот пријател Џовани да Пистоја тој меѓу другото вели: „Веќе ми израсна подбрадок од оваа мака/свиткан тука како ломбардиска мачка/Стомакот ми е смачкан под брадата/таа пак покажува кон небесата/мозокот ми е згмечен во сандак/...Мојата четка, капе врз мене/лицето ми е како под со брбушки!“
- И покрај сите предизвици, Микеланџело за среќа издржал, а неговите дела се извор на инспирација и восхит и по пет векови.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.