Марвел рамо до рамо со Гилгамеш и Бајрон

„Спајдермен“, „Црниот пантер“ и „Капетан Америка“ ќе бидат дел од серија стрипови издадени во познатата едиција Пингуин класикс.

Пингуин Класикс соработува со Марвел на објавување специјални изданија на „Црниот пантер“, „Капетан Америка“ и „Спектакуларниот Спајдермен“. Ова е прв пат стрипови да бидат објавени од издавач во чиј каталог обично влегуваат класични литературни дела.

Серијата, наречена „Пингвин класикс Марвел колекшн“, ги вклучува оригиналните приказни за клучните ликови на Марвел. Според издавачите, таа „претставува тестамент на трансформативното влијание на Марвел врз графичката фикција и нарациите низ цела популарна култура“.

Секој наслов ќе биде и во мека подврска и во колекционерска, тврда корица со печат и рабови од златна фолија, како и дополнителни страници со цртежи од стриповите.

Тие исто така вклучуваат вовед од современ автор на проза за млади, како и детален стручен предговор. Автор на воведот за „Спектакуларниот Спајдермен“ е Џејсон Рејнолдс, национален амбасадор за книжевност за млади во САД во 2020-21, и бестселер-автор на повеќе книги. Познати се авторите и на другите воведи и предговори. 

Уредникот на серијата, Бен Сондерс, професор по англиски на Универзитетот во Орегон, изјавил дека стриповите на Марвел произведени во 1960-тите можат да се споредат со евергрин музиката на истата, динамична деценија. Работејќи со огромна брзина во нешто што генерално се сметало за комерцијален медиум со низок статус, креаторите во Марвел поттикнале и учествувале во естетичка револуција. Сондерс бил првиот којшто вовел додипломски студии по стрип во светот. 

Првите три книги во серијата ќе бидат објавени на 14 јуни.

извор

31 март 2022 - 18:52