Не знаеме дали ова им се случувало и на нашите вработени по библиотеките, но на оние американските тоа им било дел од секојдневната работа - да добиваат прашања од читатели по телефон или на картички, со обврска да пронајдат одговор во најкраток можен рок.
Вработените во Њујоршката јавна библиотека неодамна откриле кутија полна вакви прашања, кои варираат од нормални до сосема откачени. Отворен е Инстаграм профил на кој библиотеката ќе постира по една картичка неделно, како и хаштаг #LetMeLibrarianThatForYou на Твитер.
Еве избор од некои од нив:
- Дали може октопод да се чува дома?
- Дали глувците повраќаат?
- Што значи ако сонуваш дека те брка слон?
- Колкав е животниот век на една трепка?
- Дали Платон, Аристотел и Сократ се еден ист човек?
Фаворити:
- Помогнете ми да ја решам загатката на постоењето
и
- Дали е ова местото каде можам да се обратам со прашање?
Најинтересно прашање пак кое јас сум го добила на пултот на Универзитетска библиотека, после еднонеделна пракса од средно школо, беше напишано на налогче за барање книга, со (фиксен) телефон наместо сигнатура, и прашање: „А кога би можеле да се видиме пак?"