Иако тоа може да е знак дека времињата се тешки, велат од Барнес и Нолб, истовремено тоа е и добра вест, затоа што покажува дека луѓето бараат решенија за својот стрес, и тоа во книгите.
А такви наслови има многу, што само ја покажува цикличноста на логиката - повеќе интерес за книги за анксиозност значи повеќе продукција, што пак создава атмосфера на „промоција“ на анксиозноста, на нејзино нагласување како феномен. Помеѓу најпродаваните наслови спаѓаат „Прирачник за анксиозност и фобии“ од Едмунд Брн, кое до сега има пет изданија и е отпечатено во повеќе од 1 милион примероци, „Алатки за анксиозност: стратегии за штимање на вашиот мозок и излегување од кризите“ од Алис Бојс и „Прираник за анксиозност и насекираност: когнитивно-бихејвиорално решение“ од Дејвид Кларк и Аарон Бек.
Американска држава која притоа бележи највисок раст на интерес за книги на оваа тема е Калифорнија, а најголем пад на интересот има во Тексас, Северна Каролина и Флорида.
Добрата вест е што некои муштерии се уште се интересираат за тема која е очигледно евергрин - среќата. Продажбата на книги од типот „пронајдете ја среќата“ се искачила за дури 83 проценти во споредба со минатата година.
Нашиот коментар: