Лани збор на годината на Колинс беше NFT - „незаменливи токени“, кој ги победи финалистите „крипто“ и „чуги“ - американски неологизам, навреда на животните стилови на раните 2010, чија естетика е опишана како „спротивно на тренди“.
Оваа година зборот нема врска со технологија, но има врска со начин на живот. „Пермакриза“ е скратено од „перманентна“ односно постојана криза, состојба на продолжена нестабилност и несигурност, која - како што знаеме - влијае врз психичкото и физичкото здравје на поединецот и на колективот.
Овој термин се проби на врвот од 10 зборови или фрази кои според речникот го отсликуваат јазикот ко јпостојано еволуира и преокупациите на оние кои го користат.
Високо на листата беше и „тивок отказ“ (види тука), кога вложениот напор и енергија на работното место намерно се сведува на минимум, анти-работен феномен кој сепак овозможува задржување на работното место. И ова може да има врска со генералниот концепт на пермакриза, со оглед на ниските плати во голем број сектори и штедењето на работни ресурси.
Всушност неколку зборови на списокот се поврзани со кризата, а се добиени со анализа на корпусот на Колинс од осум милијарди зборови, плус широк опсег на медиумски извори, вклучително и социјалните мрежи.
Во потесниот избор влегоа и:
Сплотинг (Splooting): чинот на лежење на стомак со раширени нозе
Спорствошинг (Sportswashing): Спонзорство или промоција на спортски настани за да се зголеми влошената репутација или да се пренасочи вниманието од контроверзна активност
Ворм бенк (Warm bank): Затоплен објект каде можат да престојуваат луѓе кои не можат да си дозволат да ги загреваат сопствените домови
Вајб шифт (Vibe Shift): значајна промена во доминантната културолошка атмосфера или тренд