За љубовен почеток на денот

Jaзично галење

„Маци", „миличко", „сонценце"..дали веќе сте ги исцрпеле сите нагалени имиња за вашиот партнер? Бидејќи позајмувањето од други јазици не се смета за крадење, особено ако е за ширење љубов, еве малку зачин за вашето меѓусебно јазично милување.

"MON CHOU"
(француски) „зелче мое"

"SCHNUCKIPUTZI"
(германски) „слатко питиче"

"SÖTNOS"
(шведски) „слатко носе"

"MEU CHUCHUZINHO"
(португалски) „тиквиче мое"

"MIJN BOLLEKE"
(фламански) „мое мало округло"

"BOGÁRKÁM"
(унгарски) „мое бубаче"

"MI CIELITO"
(шпански) „мое небенце" (=мало небо)

"MIJN POEPIE"
(холандски), „мало гомце" (ова сме го чуле и локално), хигиенски слично со -

"MICROBINO MIO"
(италијански), „мој мал микробу"

"MATAKIA MOU"
(грчки) „очиња мои"

"MOOSH BEKHORADET"
(персиски) „да те јадат глувци" (веројатно нешто слично како нашето „да те серат кокошките")

"MO CHUISLE"
(ирски) „пулс мој"

"MIN GULDKLUMP"
(холандски) „мој златник"

"MA PUCE"
(француски) „моја болвичка", истото и во аргентински шпански - „bicho"

"NYINGDU-LA"
(тибетански) „најсладок отров на моето срце"

"URSOLINA"
(португалски) „мечко моја", машка верзија на тамилско-англиски Паапубеар (бебе-мечок)

"GDAB"
(Одава, сев. Америка) „сакан/а"

"GORDO/GORDA"
(Eквадор), „дебелко"

Во овој список на „галежи" забележуваме две закономерности: каков и збор да ставиш во деминутив, функционира како љубовен, од инсекти, зеленчуци до измет и глодари. За ефектот да е уште посилен, на ова се додава присвојната заменка „мое" за да се укаже на правото на сопственост и користење на Другиот. Но врската која почнала со „Х мое", обично завршува со „Y твое". 

18 март 2014 - 09:01