Не дека е за Оскар или стоечки овации, ама филмот има поента, и иако не можеме да се сетиме точно кој e тој, сигурно сме гледале поглуп од него: Еди Марфи е успешен и богат книжевен агент, кој поголемиот дел од времето тотално некнижевно - пљампа. Кога по истиот метод ќе се обиде да склучи договор за најновиот бестселер на њу-ејџ гуруто д-р Синџа, на чијашто моќ се потсмева, се случува чудо: во дворот му расте дрво (онакво исто како она под кое седел Буда), од кое со секој изговорен збор на Марфи паѓа по еден лист, а тој се чувствува сè полошо. Како што непромислено си ги троши зборовите, така гранките побрзо се соголуваат, па кога на него ќе остане само еден лист, устата мора да си ја затвори со - фластер.
Нормално, тука се случува катарза, тој почнува поодговорно да се однесува кон зборовите и кон делата, лисјата се враќаат, и сите среќно и весело си живееле. Ама финтава со количеството непромислени, „празни" зборови, наспрема добробитта и здравјето (сопствено и на оние околу тебе) ме бендиса. Е сега, уште филмот да не беше холивудски, а наместо Еди Марфи да глумеше..Бил Мареј?
* Алтернативен наслов на филмов: „Кога лисјата паѓаат“:)