Acceptance in Lieu е даночна шема во Британија која овозможува трансфер на значајни уметнички дела и предмети од значење за државата, со што на наследниците им се отпишува данокот на наследство.
Во рамки на истата е соопштено дека Британија ќе ја добие архивата на Стивен Хокинг, која содржи писма од папи и претседатели, неговите персонализирани инвалидски колички, оригиналната докторска теза, како и омилениот портрет на научникот, направен од уметникот Фред Куминг.
Преку делот кој ќе оди во Научниот музеј се покрива данок од 1,4 милиони британски фунти (1,6 милиони евра), а со делот кој ќе оди во библиотеката во Кембриџ 2,8 милиони фунти (3,26 милиони евра). Содржината на неговата канцеларија, која ја имал во одделот за применета математика и теориска физика на Кембриџ од 2002-2018 кога починал, вклучува табли за пишување, кафе машина, ордени и фигури од Стар Трек.
Најинтересни се копии од облози кои тој ги правел со други научници. Еден од нив е на едногодишна претплата на Пентхаус наспроти четигодишна претплата на британско сатирично списание, дека во констелацијата Цигнус нема да биде најдена црна јама. Тој го загубил облогот, но со оглед на тоа што самата теорија за црните јами била негова, на некој начин и победил .