Bookbox

Во потрага по Титовите панкери

Вчера, 17.1, излезе книга која регистрира историја на земја која повеќе не постои и на музички жанр кој, велат, не е мртов. Таа содржи интересна приказна, за тоа како песна снимена во 1981 од млад панк бенд од провинциска Англија станала славна во некогашна Југославија.

Експедицијата Балмис: бродот со сирачиња кој ја пренел вакцината за големи сипаници во Новиот свет

Нашиот текст за „бележењето“ од сипаници кое го вршел Коста Цепенков предизвика бројни реакции и коментари. Сепак, за нас најинтересен беше податокот кој го дознавме од проф. д-р Никола Пановски, за случај кој за чудо е недоволно познат во историјата на медицината - пренесувањето на вакцината од Европа во шпанските колонии преку жив човечки синџир на почетокот на 19 век.

Душан Јовановиќ: „Македонките се балкански првенки во милина“

На новогодишната ноќ во Љубљана почина Душан Јовановиќ (81), театарски режисер, драматург и есеист, автор на култниот драмски текст „Ослободувањето на Скопје“. Во неговата последна, автобиографска книга, тој со голема љубов зборува за Скопје и, особено, за Македонките.

Карикатуристот кој го исмеваше француското здравство

Тензијата помеѓу политиката, здравствениот систем и „обичниот народ“ не е ништо ново, а особено доаѓа до израз во време на епидемии. Доказ за ова е сатирична книга од 19 век, која ја има напишано доктор, а илустрирано еден од најдобрите карикатуристи во историјата на овој цртачки жанр. 

И со „орвеловско“ се претера

Минатата недела во САД името на Орвел предизвика препукување помеѓу либералите и конзервативците, поради неговото наводно погрешно користење од страна на вторите.

Спиналонга: напуштениот грчки остров на кој се изолирале болни од лепра

Сувиот карпест остров кој служел како воена база во текот на венецијанското и подоцнежното отоманско владеење, од 1904 бил претворен во колонија на лепрозни. Во еден момент на него имало скоро 400 жители, луѓето склучувале бракови, а имало и кино и звучници со класична музика по улиците.

КенКен - загатката која го освојува светот

Ако сте љубители на крстозбори, судоку и решавање загатки воопшто, оваа е за вас. Нејзин изумител е наставник по математика, кој и по милиони продадени загатки и книги сепак вели - дека времето на КенКен допрва доаѓа.

Апликација „Џебен Атенборо“

Сер Дејвид е во улога на „домаќин“ во нова апликација која ќе им овозможи на корисниците на мобилни телефони да го „ангажираат“ како виртуелен водич во холографски видеа. Многу наводници за да се опише новото нормално, кое додуша и не е баш ново.

Американски претседатели кои не присуствувале на инауграцијата на својот наследник

Вообичаено, церемонијата на претседателската инаугурација во САД вклучува голем број минати носители на функцијата. Но на 8 јануари претседателот Доналд Трамп изјави дека нема да присуствува на онаа на неговиот наследник, Џо Бајден на 20 јануари. Ова е прекршување на традицијата, но не е баш и без преседан.

Необичната историја на пресадувањето мајмунски тестиси

Измислена од хирургот Серж Вороноф, операцијата се сметала за еликсир на младоста и машкоста. 

Дени Бојл ќе режира серија за „Секс пистолс“

„Пистол“, која ќе почне да се снима во март 2021, ќе се состои од шест дела, а ќе биде базирана на мемоарот на гитаристот на бендот, Стив Џонс.

Дали Македонија имала вакцина против голема сипаница во 19 век?

Автобиографијата на Марко Цепенков содржи голем број интересни етно-историски детали. Еден од нив зборува за „бележење“ на деца од голема сипаница, нешто што го правел неговиот татко, „еќимот на сиромасите“, Коста Цепенков. Дали е можно да станува збор за некаква прото-вакцина?

Хедшринкер, пого: 100 години стари зборови од англискиот

1921 била година кога во англискиот јазик се појавиле изрази кои потоа се прелеале во меѓународниот жаргон, а постојат и денес како дел од официјалната реторика и сленгот на повеќе јазици.

Кога преплашениот Боуви го сретна Ленон

Не денот кога Боуви ќе полнеше 74 години, ново интервју со продуцентот Тони Висконти ја опишува средбата која довела до создавање на хитот „Фејм“.

Кога 40 самураи прв пат прошетале по улиците на Лондон и Париз

Приказната за првата официјална посета на јапонска делегација на САД и Европа е полна со хумористични анегдоти за културни недоразбирања. Како глетката на самурај како му го чува мечот на својот надреден во тоалет на луксузен париски хотел, и му свети со хартиена ламба под зачудените погледи на Европејците и светлината на тогаш веќе постоечките гасни светилки.

Киднаперите на деца-пејачи од 17 век

За англискиот кралски хор да ги содржи најдобрите детски гласови во земјата, тие морале некако да се „регрутираат“. А ако не сакале со мило, тогаш - со официјална дозвола - тоа можело да се стори и на сила. 

Музејот на паразити во Токио

Можеби и не е најатрактивната туристичка дестинација покрај сите убавини во Јапонија, но еден музеј Мегуро во Токио е рај за паразитолозите. Можеби после пандемијава некој ќе отвори и музеј на вируси?

Дали метрономот на Бетовен му бил расипан?

Бетовен бил еден од првите композитори кои работеле со метроном. Со оглед на тоа што првите излегле во 1817, тоа значи дека тој имал 47 кога оваа алатка станала модерна. Сега историчарите на музиката и диригентите мака мачат да сфатат дали пребрзите темпа на неговите композиции се грешка, или тој навистина сакал да се свират со неверојатна брзина?

Нигерискиот џезер кој се борел против нацистите во Полска

Џез музичарот Огаст Агбула Браун веќе живеел во Полска 17 години, кога во 1939 станал дел од антифашистичкото движење во земјата.

Кои дела ќе се ослободат од авторски права во 2021?

Традиционално на почетокот од новата година известуваме за тоа на кои значајни дела им истекуваат авторските права и влегуваат во јавен домен. Лани тоа беа оние создадени во 1924, како „Волшебниот рид“ на Томас Ман или „Рапсодијата во сино“ од Гершвин. Оваа година на списокот има џез класици и неколку битни книги.

Дранкештајн и Мобидринк: коктели со вкус на книжевност

Пандемијата актуелизираше активности кои ни помогнаа да ја преживееме годината што изминува - пиење сами или во кругот на најблиските. Книгава нуди бонус, пиење коктели кои асоцираат на книги.

Tајната експедиција на Хитлер на Антарктикот

Приказната почнува летото 1936. Во склоп на подготовките за новата војна на Хитлер било зголемувањето на ефикасноста на домашното производство на путер, млеко, сирење, сланина и други продукти. Во тоа време маслото од кит било една од главните состојки на маргаринот. А Германците јаделе многу маргарин.

Американскиот политичар кој самиот си го оперирал пенисот (и умрел)

Гавернор Морис (1752-1816) бил американски државник, еден од основачите на САД и автор на преамбулата на американскиот устав. Иако историјата го памети како брилијантен ум, истиот тој крајно глупаво си го скратил животот.

Модна историја: кога забранетата облека е најслатка

Историјата на облеката е полна со обиди на владетелите да воспостават правила за тоа што е, а што не е дозволено да носат „обичните“ луѓе. Таквите обиди често комично пропаѓале.