Bookbox

Јутјуберка стана книжевна ѕвезда во Франција и ги разбесни „сериозните“ писатели

На нашки би можела да се вика Ленче Ситуација (Léna Situations), има 23 години и во текот на пандемијата собра милиони следачи на социјалните мрежи. Сега стана и бестселер автор, предизвикувајќи остри реакции кај парискиот книжевен свет.

Карпа од 200 кила: скандалот со сценскиот работник што сакал да си го убие колегата

Звучи како сценарио за трилер, но всушност е вистинска приказна која треба допрва да добие судска разрешница.

Првата дама која станала претседател на САД во сенка

Неофицијално, Америка веќе имала нешто што може да се нарече Прва дама - претседател. Барем според некои историчари и биографи на контроверзната жена за која станува збор - сопругата на Вудроу Вилсон.

Кликајте „приклучи се“, јас и мртов држам час

Масовната онлајн настава изроди различни нуспојави, од плунка на камера (за да биде заматена кога се испрашува) или со измислување креативни прекари („Connecting..", за да изгледа дека има проблем со интернетот). Но ова е малку порадикално.

Медицинска сестра ќе биде единствената публика на филмски фестивал на далечен остров

Швеѓанката Лиза Енрот била избрана од 12.000 апликанти, кои посакале да гледаат раат филмови на островот Патер ностер.

Има повеќе од еден начин да изгориш идеи

„Разбудени“ од сите земји - заќутете! Вака би пишувал денес Бредбери за цензорите кои не гледаат ништо иронично во тоа што изрекуваат забрани во име на либерални идеи и слободи. Нему нештата сепак одамна му биле јасни.

Како писателка со докторат по психологија стана врвен покер играч

Марија Коникова мразела казина и коцкање. Но почнала да игра покер како дел од нејзиното истражување на факторите на случајност и веројатност. Набргу ѝ тргнало. Сега има и пари од играњето, и нова книга.

Интересната приказна позади „Скриена камера“ која почнала како - скриен микрофон

„Насмевнете се, вие сте на скриена камера“, гласеше последниот стих на песничката од истоимената емисија - Candid Camera. Првата епизода е емитувана во далечната 1948 и од тогаш има мал милион верзии. Но таа всушност почнала како радио емисија.

Користено масло, урина: најбизарните даноци во историјата

Черчил сметал дека желбата една нација да просперира преку сопствено оданочување е како човек кој стои во кофа да се обидува да се крене себеси со рачката. Но историјата е полна со кралеви и влади кои се обиделе да го сторат токму тоа, без оглед колку им била дупната кофата.

Екатерина Велика - царица на вакцините

Руската царица била прва која се подвргнала на процедурата на инокулација, по што следело масовно имунизирање на руското население. Антиваксерите ги нарекувала „идиоти и незнајковци“.

Кога доктор си убил колега поради долг: случајот што го потресол Харвард

Кога во 1848 исчезнал Џорџ Паркман, тој бил еден од најбогатите луѓе во Бостон и најголем донатор на медицинскиот факултет. Ова било само почеток на скандалот кој ќе заврши со смртна казна на негов колега.

Џоан Дидион има нова книга и интервју со најкратки можни одговори

Kaриерата ја почнала со победа на конкурс за есеј спонзориран од Вог. Денес се смета за една од легендите на американското новинарство. Денес има 86 години, а нејзините искази се пример на минималистичка мудрост.

Нов документарец за скандалозниот недовршен роман на Труман Капоти

Филмот, чија премиера се планира за 29 јануари, ќе биде посветен на „Услишени молитви“, романот кој Капоти никогаш не го завршил.

Германскиот мит за „ножот в грб“

Дојштослегенде била антисемитистичка теорија на заговор, во која масовно се верувало во десничарските кругови по Првата светска војна. Според неа, Германија не ја загубила војната на терен, туку била предадена, од Евреите и домашните предавници.

Трамп изгледа нема да остави зад себе претседателска библиотека

Не станува збор за библиотека со книги, туку со значајни документи поврзани со претседателскиот мандат. Американските претседатели оваа традиција, воспоставена во 1930-тите, ја сфаќаат сериозно и почнуваат да се подготвуваат многу порано пред заминувањето. Трамп, изгледа, беше затечен.

Прв пат по 200 години во продажба е нов син пигмент

Истражувачите го откриле YInMn Blue во 2009. Сега туба со оваа интензивно сина боја кончено може да се купи, за околу 150 евра.

Шампион: човекот кој украл 30.000 вредни книги

Гиљермо Либри Каручи Дала Сомаја (1803-1869) бил италијански благородник и математичар, познат по својата љубов кон книгите. Која била толку голема, што украл ни повеќе ни помалку туку 30.000 од нив, и тоа прилично ретки и вредни.

Откако Александар Греам Бел го измислил телефонот почнал да дизајнира - змејови

Кога имал 29 години, Бел го патентирал телефонот, еден од најпрофитабилните изуми во историјата. Но по првичниот успех, младиот пронаоѓач загубил интерес за оваа направа и своето растечко богатство го насочил кон небото.

Можни ли се психолошки „вакцини“?

Психолошките инокулации се слични на медицинските. Изложувањето на некој на ослабена доза на психолошки „вирус“ (на пример на лажни вести) поттикнува производство на ментални „антитела“, кои би требало да изградат имунитет на идни инвазивни напади. Делува некако логично - во теорија.

Најмалерозната инаугурација на американски претседател

Одлука на организаторите од 1973 на положувањето заклетва на Ричард Никсон, довела до масакр на гулаби долж авенијата Пенсилванија.

Нова Барбика со ликот на американската поетеса Маја Ангелу

Ова е трета фигура на компанијата Мател во новата серија „Инспиративни жени“, покрај Роза Паркс и Флоренс Најтингел.

Советскиот анти-расистички филм од 1936

„Ексцентрична музичка комедија“ - вака бил опишан филмот „Циркус“ во времето на неговата премиера. Но од денешна гледна точка тој содржи многу повеќе од музика и хумор.

Контроверзниот „Божји комитет“ кој одлучувал кој има право на дијализа

Пандемијата наметна куп етички прашања, меѓу кои и она најстрашното - во ситуација на ограничени ресурси, на пример апарати за кислородна поддршка, кој ќе се квалификува како приоритетен, а кој ќе биде оставен да умре? Во САД во 1960-тите бил формиран комитет кој требало да решава на слична тема - кој ќе оди на дијализа, а кој не.

Жената што голташе мечови и бајонет испукан од топ

Едит Клифорд во нејзино време - почетокот на 20 век - била ѕвезда. Во текот на нејзината кариера која траела две децении, таа настапувала пред кралеви, славни личност и пред преполни сали. Нејзината најопасна точка - голтање речиси 60 сантиметри долг бајонет, исфрлен од топ.