Bookbox

Дали Оскарите би можеле да ги спојат наградите за најдобар актер и актерка?

На неодамна завршениот виртуелен Берлински фестивал прв пат беше доделена родово неутрална актерска награда. Дали овој пример би можеле да го следат и други филмски награди, и какви би можеле да бидат последиците?

Како велосипедот го забрзал движењето за права на жените

На преминот од 19 во 20 век точаците станале полесни и поевтини. Но револуцијата на ова транспортно средство не била само технолошка - тоа овозможило поголема независност на жените, кои на две тркала почнале да зујат низ градот. На ужас на конзервативците, носејќи пантолони.

Дали би можеле да функционираме без мејлови?

Нова книга под наслов „Свет без електронска пошта“ од Кал Њупорт, тврди дека мејловите и пораките ја уништуваат продуктивноста на работните места. Не дека не го знаевме ова, ама убаво е да си повториме. И по неколку минути пак да си го провериме телефонот.

Ник Кејв во нова онлајн верзија на „Сон на летната ноќ“

Претставата „Сон“ комбинира виртуелна реалност и настапи во живо, а Кејв ќе биде вклучен со глас, во улога на - шума.

Прв пат објавена песна на Набоков за Супермен од 1942

Во „Тажаленката на човекот од утрешнината“, одбиена од Њујоркер во 1942, авторот на „Лолита“ го замислува суперхеројот како некој кој има голема, иако не баш човечка мака.

Како изгледала Македонија во 1971?

„Селаните, кои се подготвени да го споделат својот скромен дом со туѓинци, живеат во рамнотежа помеѓу реалноста и кошмарот“ - вака напишал американски фотограф во писмо од 1971 во текот на неговиот шестмесечен престој во Македонија. Од тука заминал со преубава збирка фотографии, која покажува колку ни била убава земјава, полна со живот, смрт и врколаци. Не како денешнава, напредна.

Науката потврди: луѓето буквално не знаат кога да заќутат

Изгледа дека сме навистина неспособни за детектирање и реагирање на клучни точки во една од нашите најосновни социјални интеракции - муабетот. И кога треба да престанеме да зборуваме, но и кога имаме шанса да продолжиме.

Наместо масло на платно - лепешки на хартија

Баварски уметник им оддава признание на сточарите и фармерите од неговиот роден крај со „сепија“ боја слики, направени од кравји лепешки.

Над 1000 нови зборови во германскиот од почетокот на пандемијата

Некои се постари а сега станаа повторно актуелни, а други се новосоздадени кованици. Сите тие се обидуваат да го опишат она што луѓето од германските говорни подрачја го минуваат последнава година. И имаат баш добри решенија од кои може да зајмиме.

Кога Серж Гензбур си направи реге верзија на „Марсељезата“

Почина од срцев удар на 2 март 1991. Претходно пушеше пет кутии Житан на ден, настапуваше пијан, плукна колешка на ТВ интервју, ѝ се пушташе на Витни Хјустон. Но ова беше само кулминација на контроверзните потези кои ги правеше цел живот. Меѓу нив и пеењето своја верзија на Марсељезата.

„Длабока носталгија“: вештачка интелигенција за оживување стари фотографии

Нова опција на сајтот за генеалогија MyHeritage, која нуди анимирање на стари семејни фотографии, стана вирална на социјалните медиуми, и е уште еден пример за тоа како манипулацијата на слики базирана на вештачка интелигенција полека станува мејнстрим.

Мемоар за една зима помината на -30 со номадски сточари

Нов мемоар на Ли Џуан, „Зимско пасиште“, неодамна објавен на англиски, е приказна за една зима која кинеската есеистка ја поминала живеејќи со сточари во сeверозападна Кина.

Форензичка лингвистика: како беше фатен Тед Качински

Една англиска поговорка, во која зборовите имаат поинаков распоред од вообичаено, била тенката нишка на која се фатило Федералното биро во случајот Унабомбер. Навидум банална јазичка игра која довела до негово пронаоѓање и апсење.

„Непристоен водич“: последна постхумна книга на Ентони Бордејн

На 20 април ќе излезе од печат книга која е замислена како практичен и забавен туристички водич, напишан од некој кој, до смртта во 2018, имаше пропатувано од Буенос Аирес до Борнео и секаде помеѓу.

Мистериозните звуци на советски подморници коишто излегло дека се - гасови од харинги

Приказната е истовремено и смешна и неверојатно индикативна за начинот на кој функционира когнитивната дисонанца - и на лично, и на колективно ниво. 

Човекот кој пешачи низ цели земји во права линија

Вистинското име на Јутјуб ѕвездата ГеоВизард е Том Дејвис, и може да се каже дека има „линеарен“ стил на авантуризам.

Големата кражба на полио вакцини од 1959

Еден настан од пред повеќе од 60 години покажува колкав е ризикот од лошо организиран процес на вакцинација, кој овозможува секакви манипулации. Во случајов кражба на вакцини, која чинела голем број загубени животи. 

Уметниците ангажирани да создаваат оптички илузии во двете светски војни

„Во љубовта и во војната сè е дозволено“, вели една изрека. Иако тоа „сè“ може да се толкува и вака и така, обидите да се надмудри непријателот не спаѓаат во забранетите нешта.

Сте чуле за Алојз Хитлер?

Има цели книги за секретарката, лекарот или шоферот на Адолф Хитлер. Но многу малку се знае за неговото најтесно семејство и за татко му - Алојз.

Касни-порасни: советските крвави чоколади

Голем број деца од поранешниот СССР пораснале со слаткиот но и по малку металниот вкус на чоколадни плочки под име „Хематоген“. Без тие и нивните родители да знаат што има во нив.

„Номадленд“ - играниот филм кој личи на документарец

Филмот на Клое Жао кој доби Златен лав во Венеција во 2020, и кој е номиниран во четири категории за Златен глобус (сигурно и понатаму за некој од Оскарите), можеби е фиктивна приказна. Тоа сeпак не значи дека тој не е вистина.

Жената што пукаше во Бенито Мусолини

На 7 април 1926 Вајолет Гибсон се издвоила од толпа во Рим, и испукала куршум во еден од најозлогласените диктатори на 20 век.

Зошто Балашевиќ (ни) беше важен?

Стево Ченеец го удира гром, нежно, ко рака. Стариот Несторов, госпо’н Чедо и уште еден, садат липа чија сенка нема да ја дочекаат. Убавата ќерка на попот се капе во реката вознемирувајќи ги барските птици. Васа Ладачки не е со онаа која ја сака. Во авлијата, под густата крошна играат други деца. А некој од горе гледа сè.

Како да спиеш како Салвадор Дали?

За хиперактивните и креативни умови секој момент поминат во неправење ништо е загубено време. Некои од нив развиле навика да не спијат многу. Накај ич.