Продукцијата на новата верзија на „Сонот на летната ноќ“ е најавена како „револуционерна интерактивна верзија на Шекспир“ во која, освен актерите и нивните аватари, посебен шмек ќе даде и присуството на Ник Кејв. Во претставата тој глуми виртуелна шума, односно ѝ го позајмува гласот. Шоуто трае 50 минути и комбинира виртуелна реалност, видео технологија и настапи во живо.
Главен лик во претставата е момчето Пак кое патува низ шумата, среќавајќи се со шекспировите самовили, како и со светулки кои можат да се контролираат од страна на гледачите. Седум актери го изведуваат шоуто во живо во посебно уреден простор во сала во Портсмут, придружени од симфониска музика компонирана од Еса-Пека Салонен и Џеспер Нордин.
„Сон“ е во ко-продукција на Кралската шекспирова трупа во соработка со Меѓународниот фестивал Манчестер и други партнери. Музиката е интегрален дел од неа, а во гласот на Кејв продуцентите ги слушнале мрачните и длабоки тонови потребни за доловување на заводливата, но и опасна шума.
Во 2018 Кејв соработуваше со Маријан Фејтфул на песна инспирирана од „Сон на летната ноќ“.
„Сон“ ќе биде достапна онлајн од 12-20 март, а билети можат да се купат тука