Bookbox

Играчницата на Кејн

Ова едноставно моравме да го споделиме - Кејн има 9 години, и од картонските кутии кои се мотаат околу продавницата за стари авто-делови на татко му има направено нешто како играчница.

Музата на Кејв не носи џинс

Ако со нешто ни прави ќеф овој Ник Кејв, освен со неговата музика, тоа се писмата кои од време на време им ги праќа на институциите од музичкиот бизнис, корпорациите и оние кои од него бараат да се претвори во подвижен билборд за нивните производи. 

Поезија што се пуши

Снуп Дог има нова книга. Не , не се мемоари, ниту некој епски роман. Да речеме дека станува збор за малку поинаква песнарка.

Патепис - по стапките на Одисеј

Има неколку причини зошто овој текст ни се допадна. Едно е што читањето туѓ патепис е каква-таква, психолошка компензација за неможноста да се патува, во случајов по Медитеранот, на луксузен брод. 

LOL мачиња во образовни цели

Студентите по архитектура од Универзитетот Беркли, Калифорнија, одлучиле глупите но слатки мачиња кои масовно се лајкуваат и шеруваат, мудро да ги искористат за архитектонско образование на мачкољубивата публика.

Како ви иде боксот? А глумата?

Повеќе од триесет години по премиерата на „Разјарениот бик", почнуваат подготовките за негово продолжение. Де Ниро е престар за улогата, ама па вие сте можеби таман.

Одам, одам

На денешен ден, 8. април 1971. во Лондон е одржан првиот Меѓународен конгрес на Ромите. На него е усвоена Декларацијата за правата на Ромите, а песната „Џелем џелем" е прогласена за нивна химна. Еве неколку верзии од неа.

Гинтер Грас и израелските нуклеарки

Добитникот на Нобеловата за литература, германскиот писател Гинтер Грас, не престанува да бранува во политичките води. Откако по шест децении го обелодени своето учество во единиците на СС трупите, што беше повод за иницијативи големата награда да му се одземе, сега низ стихови го критикува Израел, но и актуелната германска политика кон оваа земја.

Кој е Димитрис Христулас?

Вест за самоубиство на стар човек, и тоа направено од финансиски очај, ако се развие вон рамките на ваквиот тажен факт, има тенденција да прерасне во патетична приказна за жртвата наспроти системот и за светската неправда. Од друга страна...

Ферал Трибјун - една историја

Во мега-интервју, од кое пренесуваме дел, Предраг Луциќ ја раскажува историјата на култниот Ферал Трибјун, еден од најбитните рокенрол проекти на сите времиња на овие простори. Бунт во чист облик, жестоко рокање и ролање, придвижено од страна на неколку клинци од сплитските улици. Едноставно, опасно добра приказна..

Најлоши наслови и корици?

Некој се помачил и направил избор на наслови и/или корици на книги, и ги нарекол ’најлоши’.

Букбокс гледаше - „Алберт Нобс“

Тука ќе ви раскажеме ако сме гледале добар филм, или ќе се обидеме да ви заштедиме време ако тој не чини. За вкусовите нели не се расправа, ама па да не е тој, што ли би збореле?

Пети Смит и руските класици

Рок-иконата Пети Смит својот нов албум „Банга", кој ќе излезе на 5. јуни, го нарече по кучето на Понтиј Пилат од култниот роман на Булгаков, „Мајсторот и Маргарита".

Том Џонс ги пее Коен и Вејтс

Новиот албум на Џонс се вика "Spirit in the Room" (Дух во собата), и треба да се појави на 21. мај

„Вратете им ги скулптурите на Грците, греота се"

Грците ја обновија иницијативата за враќање на рељефите од Партенон, со отворено писмо до Дејвид Камерон. Познатиот британски комичар и писател се придружува кон идејата.

Вашите три последни песни

Кои би биле трите песни кои би сакале да ги чуете за последно, ако ви кажат дека набргу ќе го загубите слухот?

Елвис е жив!

Студентите од катедрата по етнологија и антропологија на УКИМ снимија неколку кратки филмчиња, кои ќе бидат промовирани во среда од 18 часот во ГЕМ.

Чкаља во нашите срца

Едно време мислевме да ве зезнеме со некој книжевен пранк - пример дека уште необјавена, автобиографијата на Боки 13 е веќе номинирана за следниот Букер. Или дека во Македонија се снима верзија на „Господарот на прстените" со Сашко Коцев во улогата на Гандалф. Наместо тоа, трибјут на еден од најголемите југословенски комичари, роден на сосема соодветен датум.

Љубовта е..

Серијата стрипчиња Peanuts на Чарлс Шулц, иако прв пат објавена во '60-тите, останува една од омилените од овој жанр, веројатно затоа што е толку едноставна и „точна" што нема што ниту да ù се одземе, ниту да ù се додаде.

Јазик во уво

Фронтменот на „Хладно пиво" за тоа зошто не пее, а не ни мисли на некој друг јазик освен на неговиот. Твојот јазик е оној на кој сонуваш и на кој пцуеш, оној кого го сакаш, кој и да е тој.

Есен во Скопје

Денов нè затече со неговиот намуртен лик, па решивме да му го возвратиме ударот - кој тебе со пролетен дожд, ти нему со француска шансона.

Успиената мачка на Хемингвеј

Деновиве почнаа да се појавуваат „компромитирачки" информации за Хемингвеј, главно во форма на до сега непознати преписки помеѓу него и негови блиски пријатели, кои го прикажуваат во сосема спротивна светлина од онаа на мачо писателот - алкохоличар, со камено срце.

Голи во музеј

На нова изложба во Музејот на современа уметност во Сиднеј можете да влезете само како од мајка родени. И неа да ја разгледувате со авторот, кој е исто така гол.

Антонио Грамши: „Мразам индиферентни"

Основачот на Комунистичката партија на Италија, во текот на својот живот (1891-1937) не издал ниту една книга, а постхумно објавените текстови главно ги пишувал во затвор. Неговиот неодамна објавен текст против интелектуалната индиферентност во магазинот „Бука" нè потсети на овој неоправдано запоставен автор.