Bookbox

Колку видови книги има?

Книгата на Итало Калвино, „Ако една зимска ноќ еден патник", е роман во кој еден читател (токму вие) се обидува да купи и да го прочита романот на Итало Калвино, „Ако една зимска ноќ..". Во еден пасус од првото поглавје се наведени следниве типови книги на кои наидувате, додека ја барате онаа на Калвино.

Кој тебе со Коен, ти нему со Вејтс

Во полусатиричната рубрика на booksa.hr, „Ординацијата на др. Остојиќ", ученичка во V-б бара спас од еден специфичен вид малтретирање. Ова е проблемот, заедно со медицинскиот совет, кого целосно го подржуваме.

„Соња" - нов филм за Соња Савиќ

На 30. март во рамки на 59. издание на фестивалот на краткометражен филм во Белград ќе биде прикажан документарецот за прерано згаснатата ѕвезда на југословенската кинематографија, секс симболот, урбаната икона на една генерација и борецот против естаблишментот - Соња Савиќ.

„Јас сум пештерски човек"

Зошто секој може да научи португалски? Дали некои аспекти на природата никогаш нема да ни се разоткријат? Дали Твитер тривијализира? Интервју со Ноам Чомски по повод неговата нова книга „Правење на иднината: oкупации, интервенции, империја и отпор".

Франзен кај Станковиќ

Франзен пред неколку дена беше во Хрватска, промовирајќи ги хрватските преводи на неговите книги. Нормално, Станковиќ не пропушти да го донесе во Дневникот. 

Бродски за #љубов-та

Денешниот, понеделнички наплив на #љубов на Твитер, нè потсети на песнава. Просто човек да посака да го регрутираат, или да е во апс. 

Румено писмо од една Румена

Во продолжение на нашиот „проект", а почитувајќи ги реакциите заради родовата пристрасност на неговиот наслов, „Писмо од вашиот омилен писател", овој пат ви нудиме обраќање од една - писателка.

„И проклет био ко стави Азру на Фејсбук“

Ако и вам ви е понекогаш преку појачало вештачкото одржување во живот на идејата за екс-ју рок, и на кариерата на некои од неговите претставници како Бора Џорџевиќ или Бјело дугме, тогаш песнава ќе ви се свиѓа. Нашата замерка се однесува само на некои од спомнатите имиња, да не ги стегнат стварно изречените клетви.

Духот од Њујоршкото метро

Снимателот и режисер Тим Сеслер едно неделно попладне со камера шета низ њујоршкото метро, и забележува разни звуци, ликови и слики. Краткиот филм кој е притоа снимен делува како прошетка низ нечиј сон.

„Не се сезоните само календар, има едно чувство на пролет“

Постои пролет, со сите нејзини физички манифестации - мирисни зумбули, бистар видик, славеи. Но има и една поинаква пролет, поттикната од оваа првата: внатрешно разденување, оптимистичен полет, убавини. 

30-те техники за пишување на Керуак

Списокот бил наводно нашкрабан на ѕидот во хотелската соба на Гинзберг во Норт Бич, а правилата на него се однесуваат колку на литературата, толку и на животот.

Чиј е овој потсетник?

Ако се прашувате како да го почнете денот, викендов или пролетта, еве предлог-список на работи кои (не) треба да ги направите.

Белешки на маргините на средовековните ракописи

Историјата на правењето книги и денес не е без предизвици, но времето и вложениот напор во овој занает секако биле најголеми во епохата на илустрираните ракописи. На некои од писарите ама ич не им било до пишување.

TED со нова иницијатива

Посветеноста на TED на „идеите вредни за споделување", кои покриваат теми од невробиологија до кулинарство, сега добива свое продолжение - TED-Ed, проект наречен „Лекции вредни за споделување".

Објавен манифестот на Ками за слободата на медиумите

„Еден новинар во денешно време не треба да падне во бескорисен очај заради работите кои не можат да се променат. Не е проблем како да се зачува слободата на печатот - новинарот мора да најде начин како самиот да остане слободен", напишал Алберт Ками во до скоро непознатата статија, која ја објави Le Monde.

Девојката со бисерниот Фејсбук

Како би изгледала славната „Девојка со бисерна обетка" на Вермер, таканаречената „Мона Лиза на северот", кога таа би била наша современичка, со свој ФБ профил?

За Индијанците и невидливите Македонци

Со приказните на Карл Мај за Дивиот Запад растеа генерации читатели. Неговите собрани дела бројат 120 томови, а зборуваат за земји кои тој ги немал посетено, и за кои ништо не знаел. Меѓу нив, верувале или не, и за Македонија. Пренесуваме делови од есејот на Иван Ивањи, објавен во неделникот „Време", кој се однесува токму на нашава земја.

Како навистина звучел Шекспир?

Британската библиотека издаде ЦД со оригинален „шекспирски" изговор, кое содржи говори и сцени кои наводно звучат исто како што би ги кажал и самиот Шекспир.

Што е среќа?

Можеби затоа што е Британец, па емотивната воздржаност некако му прилега, или пак е заради неговите камео улоги, во кои најчесто сме го гледале со камен израз на лицето како минува низ кадарот, ама Хичкок никогаш не сум го замислувала како некој кој е чувствителен и кој размислува за среќата. 

Раѓањето и смртта на зборовите

Дали физичарите можат да кажат нешто за јазикот, подеднакво релевантно како тоа да го кажале лингвисти? Минатата недела беше објавена статија во која група физичари тврди дека идентификувала универзални закони поврзани со создавањето, животниот век и исчезнувањето на зборовите.

Антологиските филмови низ три gif-ови

Онлајн магазинот Слејт започнува со трибјут на најзначајните дела на светската филмска историја, со нова серија во која тие се „раскажани" низ само три анимирани сликички.

50 години од првиот албум на Дилан

„Не знам зошто те сакам, онака како што те сакам", испеано со нешто помеѓу кисело смеење и болка од забиен нож во грб. По една минута и 37 секунди завршува. Страна прва, песна прва - „You're no Good", од првиот албум на Боб Дилан, еден од најзначајните американски музичари и поети на 20. век. Албумот - насловен едноставно „Боб Дилан" е издаден пред половина век (19. март 1962), кога тој имал 20 години и само што пристигнал од Минесота на Менхетен, со товарен воз.

Александар во вселената

Расказ од перото на американскиот хуморист Џек Ханди, за нашиот Аце, објавен во Њујоркер. Што се случува кога ќе освоиш сè, и веќе нема што да правиш? Си траеш и чекаш, дур на светот не му стане потребно уште едно добро освојување.

Ќут, Шефот држи говор!

Музичкиот фестивал South by Southwest, кој се одржа од 9-18. март во Остин, е меѓу најголемите музички манифестации во САД. Еден од клучните настани беше говорот на Спрингстин, кој е веќе прогласен антологиски во овој жанр.