Еве една изјава во која тој спомнува како им одговорил на понудата за рекламирање на Gap Jeans, и зошто.
„Пред неколку години Gap Jeans ме повикаа да се појавам во една од нивните реклами. Одговорив: 'Драг Геп, може да ставам на себе ваш џинс ако ме платите милијарда долари, но дури и тогаш би имал сериозни дилеми'. Добивам писма од луѓе кои ми велат дека се зеле дур свирела The Ship Song, или дека го закопале најдобриот пријател на Into My Arms, и не сакам да погледнат во телевизорот и да сфатат дека всушност си го погребале пријателот на реклама за сладолед. Имам некое чувство на одговорност во врска со тоа, дури и кога тие ми мафтаат пред очи со огромни суми пари. Последниот збор го има мојата муза."
Во прилог песна на Кејв, во која можеби сепак има некаква сублиминална реклама за производителите, и оние кои носат џинс:
And the wind it bit bitter
For a boy of no means
With no shoes on his feet
And a knife in his jeans