Во неа има импровизирани пикада, онакви машини со кука со кои се ловат играчки, сè како да сте во некаков забавен парк, ама направен од картон, сечен од детски раце. За 1 паричка имате право на една игра, а за 5 добивате членска карта, со бар код, кој го чита високо софистициран сензор - обичен дигитрон залепен на секоја од кутиите. Човекот замислил сè како што треба, дури и маичка си дизајнирал, но нема муштерии. Сè додека еден случаен минувач не го забележи неговиот гениј...Оној кој го имаме како деца, кога создаваме заради радоста на создавањето, и кога едвај чекаме таа радост и да ја споделиме.
„Секое дете е уметник. Проблемот е како да се остане уметник откако ќе пораснеме" - Пикасо.