Најлоши наслови и корици?

Некој се помачил и направил избор на наслови и/или корици на книги, и ги нарекол ’најлоши’.

Ние сепак не би рекле дека си тие баш лоши - онаа за односот кон нацистите и животната околина може да биде и поучна, тоа дека најдобриот татко е добар љубовник е веројатно грешка во редот на зборовите, а вршењето голема нужда во шума некогаш навистина може да биде голем проблем, на пример на Водно за викенд. Сепак најмногу нè замисли „Водичот за задгробен секс" - ако овој е за почетници, тогаш мора да има начин да се стане напреден во оваа дисциплина. Пример, неколку пати да се умре, од секс..

5 април 2012 - 09:50