Bookbox

Радикални везилки

Историските врски меѓу радикалниот активизам и домашните, „женски" занаети е силен - пред жените да добијат право да да гласаат и јавно да се здружуваат, токму седенките каде се плетело, везело и ткаело биле изговор за формирање „кружоци".

Кога Сартр би имал блог

Кај и да е, времево ќе почне да се расипува, а тоа кај метеропатите и кај оние кои се грејат на струја автоматски ќе повлече промена на погледот на свет. Зиме сите по малку стануваме Сартр. Ама прав хипстер е даун уште од јули.

„Викајте ме Ишмаел“

Гугл денес ја одбележува годишнината од објавувањето на славниот роман на Херман Мелвил. Кај и да е, наскоро ќе биде преведен и на македонски наскоро ќе излезе нов превод на македонски.

Кому бе ти садо-мазо?

Изгледа Французите го прочитале нашиот осврт за „50 нијанси сиво", па сега и тие не се нешто воодушевени што книгава е преведена на француски и што таа наскоро пристигнува во нивните книжарници.

Жената која два пати го освои Букер

Хилари Мантел e првата жена и првата Британка која ја доби Букеровата награда за проза втор пат.

Подемот и падот на Ленс А.

Кој знае колку бил ифрит, или хумористично настроен продавачот во местово, кое додуша повеќе личи на некоја продавница од втора рака отколку на книжарница, па јасно и со дебел фломастер му го плеснал на Ленс на корица.

Како да го подмитиш Том Хенкс?

Што треба да направиш ако не си Опра, Џеј Лено или Лери Кинг, а сакаш во емисија да имаш ѕвезда како Хенкс? Ќе си дознаеш на што се пали, и на најсуптилен начин ќе му го понудиш она што тој не може да го одбие. Во случајов сето ова не можело да биде изведено подобро.

Цел роман во 140 карактери

Гардијан покани познати британски автори да напишат цел роман во 140 карактери. Резултатот? Па, иако е тешко да се наречат „романи“, некои се навистина добри, заокружени приказни. Пробајте и сами на #твитерфикција.

Воинот на магаре

Додека некои во сај-фај капсула го допираат работ на вселената, други на магаре разнесуваат детски книги до тешко достапни села. Искрено, тешко ни е да одлучиме кој повеќе придонесува за човештвото.

Европа денес

Да не беше Балканот, Горан Милиќ, некогашниот уредник во Ју-тел, во вчерашното интервју за МТВ ќе беше во право - на Европа треба да ѝ се признае тоа што во неа немало војна од '45-та. Но некои интелектуалци би биле баш изненадени од веста дека таа доби Нобелова за мир. 

Супер Салман

Актуелниот мемоар на Салман Ружди, „Џозеф Антон", кој ги опишува 9-те години кој тој ги мина во постојано бегство од „фатвата", содржи неколку навистина интересни детали. На пример тоа дека Ружди бил навлечен на - игрици.

Нобеловецот „Не Зборувај"

57-годишниот Мо Јан, чие име во превод значи „ќути, трај" е 109-тиот добитник на Нобеловата за литература. Последен Кинез кој ја доби беше Гао Синѓан во 2000.

Господарот на еповите

Во него има принцези и витези, мечување и магија, походи и предавства, но не е за Средната земја, туку за древна Британија. До сега необјавеното дело на Толкин ќе се појави следната година.

Прехранбени наслови на книги + вашите предлози!

Пред некој ден на Твитер се појави хаштаг #literaryrestaurants, кој на одличен начин ја спојува храната со книжевноста.

Пеена Емили Дикинсон

Ефрат Бен Зур е позната израелска пејачка и актерка. Нејзиниот нов албум содржи композиции направени врз стихови на Емили Дикинсон.

Дали можете да го прочитате овој текст?

Оpen Dyslexic, бесплатен фонт создаден од Абелардо Гонзалес, треба да им помогне на луѓето кои страдаат од дислексија полесно да читаат онлајн содржини.

Знаци крај патот

Гугл го одбележува роденденот на Нобеловецот со дудл на својот .ba пребарувач, а ние со извадоци од неговите „Знаци крај патот“, кратки белешки за животот, кои погаѓаат право во мета.

Икеа каталози без жени

Икеа деновиве првин беше критикувана за цензурирање на фотка испратена на нејзин конкурс, на која неколкумина се облечени во стилот на Пуси Рајот. Веднаш потоа мораше да се извинува за сличен потег.

Кој ќе ја добие Нобеловата оваа година?

Од денес (8.10), со доделувањето на Нобел за медицина, почнува неделата на оваа престижна награда. Како и секоја година и оваа има драми околу некои од правилата и погодување на можните добитници во сите категории. Да видиме што се случува кај писателите.

10 песни составени од наслови на офф.нет

Си немал Букбокс работа, си собирал наслови од сајт, и си направил поетска турлитава. Некои комбинации ни имаат смисла - можеби навистина статииве испраќаат некаква сублиминална порака. Испратете ваша, да видиме каква приказна ви кажува нашиот сајт.

Фотографии преку кои се гледа

Соња Собертас имала тежок живот. Доселеник во Квинс, таа во 1990-тите загубила две деца, а за работата да биде уште полоша, во исто време почнала да ослепува. Денес има 77 и прави неверојатно добри фотографии.

Мандрак, Бетмен и...Крлежа!

Стрипот, или повеќе графичката новела за Крлежа, креиран од српско-хрватски тим, е опишан како „благородно откачен" и „трогателно утопистички".

Не мора да е забранета за да е слатка

Со години им удираме сеир на Американците и нивната небулозна традиција, поддржана со закон, според која секој може да покрене постапка за забрана на книга во локалната библиотека, училиште или книжарница.