Смоквино млеко, сок од лимун или кромид, плунка, сперма, крв, оцет, аспирин и лаксативи - од сето ова може да се направи невидливо мастило. Една книга ја трасира неговата долга историја, помешана со моменти на добра трилер-акција.
Утре се отвара големо шоу посветено на Донатиен Алфонс Франсоа де Сад, подобро познат како Маркиз де Сад. Ама, не брзајте со шиење платна за покривање на експонатите, не е во Скопје.
Не дека ни се пријатели, ама Скопскиот џез фестивал оваа година има навистина интересна програма. Меѓу другите, на 19. октомври во МОБ ќе настапи авангарден трубач и композитор, кој во 2012 беше финалист за музичкиот Пулицер. Една од неговите иновации - графички систем на пишување партитури, кои овозможуваат голема слобода на изведување.
Aко случајно еболата стигне до Македонија (тука сите можни ритуали за изгон на злото, поплукување, чукање во дрво, викање не-дај-Боже) знаеме дека ич нема да бидеме расположени за метафори и други стилски фигури. Ама до тогаш, да видиме како можеме јазичко-новинарски да се носиме со неа.
Нобеловата за книжевност досега е доделена 107 пати на 111 писатели. Англискиот јазик води со 30 добитници, а денес пред германскиот, со 14 наградени писатели-франкофони, изби францускиот, на којшто пишува и авторот кој до сега не беше многу познат вон границите на неговата татковина.
Организацијата Conservation International како дел од својата нова кампања „Природата зборува" издаде шест двеминутни филмчиња, чија цел е да им се даде глас на дождовната шума, почвата, водата. Ама буквално.
Воочи утрешното прогласување на добитникот на Нобел за книжевност, Боб Дилан објавува книга-капиталец, која тешко дека може да ја тркалаш како камен, а нема шанси ни да ја дувне ветар. Може сака да порача - ако покрај толку муабети дека ќе ја добијам пак не ми ја дадете, сега бар имам со што да ве мавам по глава.
Eден огромен гребен во областа Сиера Невада изгледа сосема соодветно да го носи името на Хенри Дејвид Торо, меѓу другото и затоа што се наоѓа во близина на планината Емерсон, крстена по славниот поет од 19. век, негов пријател и колега-трансцеденталист. Но бирократијата стои на патот на оваа фина идеја.
На боемската улица во Дебар маало единствено што можеме да ѝ замериме е дека е премала. А на целиот град дека не ги одбележува достојно местата каде живееле и работеле нашите писатели.
„Носени приказни" е блог на писателката и уметник Емили Спивак, која таа го уредува од 2010. Неодамна излезе и книга под истото име, која содржи текстови на познати личности, како Марина Абрамовиќ и Розен Кеш, за нивните омилени парчиња облека, кои раскажуваат интересни приказни. Ви нудиме и една наша.
Циничниот табор научници кои сметаат дека за експериментот во ЦЕРН се трошат премногу пари за нешто што не изгледа дека има непосредна практична примена, сега конечно можат да здивнат - Големиот хардонски колајдер може да создава музика. И така одеднаш сè добива смисла.
„Еди Ван Хален, да си јадеш ушите", наводно изјавил Џорџ Харисон кога налетал на еден од албумите на Шринивас. Музичкиот гениј и виртуозот на индијска мандолина, кој соработуваше со Меклафин и Мајкл Најман, почина на 45 години.
Овогодинешниот Фриз фестивал во Лондон, меѓу најпознатите светски саеми на современа уметност, ќе се одржи од 15-18 октомври. Еден од најавените експонати - супа од зеленчуци растени во Фукушима.
Сте донеле потенцијален партнер дома, атмосферата се загрева, ама таа (ајде да речеме и: тој) љубопитно се загледува по полиците со книги за да ја донесе својата конечна одлука. Ако немате репрезентативна библиотека, или читате електронски, еве едно решение, кое може да ве извади од незгодни ситуации.
„Кралот на телесниот хорор“ или „Баронот на крвта“, како што со право го нарекуваат Кроненберг (71), на стари години одлучи да влезе во книжевните води. Неговиот прв роман кој излегува денес, 30.09, се вика „Конзумирани“, и за оние со слаб стомак е многу „бљак“ и „фуј“. Спојлер: дедо филозоф-човекојадец, чии сексуални помагала вклучуваат апаратче за слушање.
Во 1960-тите едно списание решило да го менува културниот пејсаж во Америка, објавувајќи долги, тешки и бескомпромисни текстови, кои поттикнале и промовирале голем број денес култни автори. Документарец режиран од Скорсезе чија премиера се очекува следниов викенд (4-5.10) ја раскажува неговата 50-годишна историја. Сепак, не е исто да правиш филм за рок бенд и за книжевно списание.
Брммм, пињау, трес, пау, мјау! Веројатно е тешко да се замисли дека во некои други јазици овие извици можат да звучат некако поинаку. Па сепак, тоа е така. Еден дизајнер ги собира и многу добро ги илустрира.
Пет шведски професори и истражувачи признаа дека го цитирале Дилан во стручни статии. И дека се натпреваруваат меѓу себе кој ќе успее да протурка повеќе од нив пред пензија.
Кога умееш со зборови, те бива и да кажеш „те сакам" на сто начини, но и да отераш на толку софистициран начин што некој може да помисли дека му дaваш комплимент. Шекспир бил махер за ова.
Комбинирајќи терапија, театар и забава, Поетесата за итни ситуации нуди консултации во нејзиното амбулантно возило и препишува стихови како лек. Истото го правиме и ние, нудејќи ви ја денешната доза, која се зема на гладно срце, со чај.
Елиот Спелман на Кикстартер се обидува да потегне производство на многу интересни не-производи - буквални репрезентации на идиоми, стилски фигури и поговорки. Пример? Камен, хартија, ножички. Дрвја кои кога паѓаат во шума нема кој да ги чуе. Сендвич со сè. Предлог за наши дизајнери да пробаат со материјализирање на локални концепти како „промаја“ или етички дилеми познати како „змија/магаре“.
Како покрај сите оние 3-Д сликовници кои се натпреваруваат во тоа која повеќе ќе блеска, свири и шушка да ги вратиш децата кон убавиот, смешен и интересен пишуван збор? Напиши книга за нив без слики. Ако функционира, продолжи со порно списанија за возрасни во кои ќе има само текст. И да пропаднеш, колку-толку ќе бидеш концептуален.
Веројатно страдате од него, иако не знаете како се вика, и никогаш не сте застанале за да размислите во што се состои вашата секојдневна нервоза. FOМO или СОТНДП (страв од тоа нешто да пропуштиш) е форма на социјална анксиозност, предизвикана од модерните технологии. Знаете за што зборуваме, нели?