Bookbox

Совршена несовршеност: портрети на кучиња кои живеат со хендикеп

Нашиот овогодишен Фестивал на јадење книги е посветен на такви книжевни дела чии главни ликови се животни. Кучињата, на пример, во голем број од нив се симбол на лојалност и упорност. Па дури и кога се повредени или трајно хендикепирани, како овие во нова книга портрети на малку поинакви но крајно симпатични кученца. 

Koга научниците експериментирале врз самите себе

Етиката на експериментирање на луѓе е „трусно“ подрачје, дури и кога постои таканаречена „информирана согласност“ и компензација за времето и ризикот со кој се соочуваат волонтерите. Можеби токму затоа, или заради некаква луда посветеност, се познати примери на научници кои изведувале експерименти врз самите себе. Еве тројца такви.

Tројца членови на Нобеловиот комитет за литература поднесоа оставки

Поради долго прикриван сексуален скандал, комитетот познат по доделувањето на престижното признание за литература се наоѓа во ситуација без преседан во својата историја. 

Невидливо дело кое ја потсетува Австрија на нејзиното нацистичко минато

Хелденплац или Плоштадот на хероите е лоциран во самото срце на Виена, полн со локални минувачи и со туристи. Од март, па во следните осум месеци, тука ќе се одбележуваат 80 години од анексијата на Австрија од страна на нацистичка Германија. На еден необичен начин - со морничави звуци на прсти кои минуваат по раб на чаши.

„Обликот на времето“ - изложба во Уметничко-историскиот музеј во Виена

Што ако делата на старите мајстори од колекција која покрива неколку илјади години ги спариш со такви на модерни и современи уметници? Добиваш приказна која надминува историски епохи, трендови и стилови, и кажува нешто повеќе за човечката состојба. Онаа на секој човек, насекаде. 

Ако сте го виделе Господ овие научници сакаат да зборуваат со вас

Истражувачи од медицинскиот факултет при Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор, чија област се променети состојби на свест под влијание на психотропни супстанци, ги канат сите оние кои сметаат дека имале „средби со нешта што изгледаат како автономни суштества или ентитети“, да се пријават како волонтери во нивната студија.

Реиздаден електронскиот албум на Урсула Ле Гвин

Во 1980-тите, славната авторка на научна фантастика учествуваше во правењето на албумот "Music and Poetry of the Kesh", аудио дополнување на нејзин роман од истиот период. По нејзината смрт овој јануари, тој сега е реиздаден.

Надја Буланже, или највлијателниот педагог по Сократ

Списокот на оние на кои таа им има предавано изгледа како енциклопедија на највлијателните музичари на 20 век. Била и прва жена-диригент на најголемите симфониски оркестри во Европа и САД.

Дебитантскиот роман на Шон Пен е многу лош

„Писателот Пен мора да биде сопрен“. „Дебитантската книга на Пен - одбивна и глупа“. Вака гласат критиките на Bob Honey Who Just Do Stuff, првиот роман на славниот актер, со кратка кариера на меѓународен репортер и екс-маж на Мадона.

Трилер-приказна за билката која домородните Индијанци ја користеле пред кафето и чајот

Знаеме за црн, зелен и бел чај, направен од листовите на Камелиа синенсис. Па за црвен, од африканска грмушка. Па за ерба мате, од Јужна Америка. Но до сега немавме чуено за касина - црниот пијалок на домородните американски Индијанци. Неговата историја и употреба сега се актуелизира.

Човекот кој го слика океанот, во океанот

Голем број уметници низ историјата биле инспирирани од морињата и океаните. Но методот на Питер Метјуз е малку поинаков - тој остава океанот да ја заврши работата место него.

Претстава според 20 песни на Дилан

„Големиот успех на лондонската поставка на Девојката од северот, мјузиклот на Конор МекФерсон базиран на песните на Дилан, е во неговата способност, како и онаа на неговиот музички супервизор Сајмон Хејл, да пронајдат нијанси на значења во песните кои веројатно би го изненадиле и самиот Дилан.“

Сеирот како бизнис

Знаете онакви видеа каде некој, како во старине слепстик комедии, се лизнува на кора од банана и се праи парче, а вие не можете а да не се насмеете? Нешто што е толку длабоко вградено во нас - склоноста да се ситиме на туѓата мака - изгледа нема ни географски, ни историски ограничувања. Подобро за бизнис, здравје. 

Една од најзначајните мислителки на 20 век била бугарски шпион?

Името на Јулија Кристева им е познато на книжевните теоретичари, критичари, психоаналитичари и феминисти. Бугарско-француски филозоф, таа уште од 1960-тите живее и работи во Франција. Неодамна излезе вест дека била соработник на бугарските тајни служби.

Oтворен музеј на баклавата во Турција

Ова може да изгледа како наивен обид за оттргнување на вниманието од позначајни теми. Но баклавата е културолошки многу побитна отколку што можеби изгледа на прв поглед, и освен слаткиот вкус го има и оној горчливиот, на политиката.

Скандалот со антиквитети што ја тресе Франција

Во текот на последните денови на стариот француски режим, заробен во тесна и мрачна ќелија на врвот на Бастиља, еден дерогиран аристократ го составил најбогохулниот роман на сите времиња. Но од непријател на француската држава, Маркиз де Сад прерасна во национално богатство во 2014, кога ролна хартија на која е напишана неговата „120 дена содома“ се продаде за 10 милиони долари. Сега истиот тој ракопис е во центарот на најголемиот скандал со антиквитети во земјата.

Tеатар во кој физичката попреченост се претвора во предност

Нова продукција на „Не јас“ на Семјуел Бекет се придружува на движење на актери и режисери кои се обидуваат нарушениот слух или хендикепираноста да ги направат дел од својата приказна.

Речник на отоманската еротика

Под „пусто турско“, а пред влијанието на западната хетеронормативност од доцниот 19 век, сексуалните обичаи биле многу поразлични и поживописни отколку што замислуваме. Пример за тоа е отоманската сексуалност.

Зошто толку многу научници сакаат да бидат режисери?

Изминатите пет години сајтот за наука Nautilus има објавувано бројни интервјуа со познати научници. Едно од прашањата кои се повторуваат во нив е што би сакале тие да бидат доколку не би биле научници. Иако има и пооткачени одговори, голем број од нив, од невронаучници, преку астрономи до физичари велат - режисери и уметници.

Документарец за свадби без невеста и зет

Прекрасна можност за оние кои не можат да се одлучат да рипнат во тавче заради стресот од целата церемонија. Има и начин да стапиш во брак без воопшто да бидеш присутен на сопствената свадба. Додуше во моментов не и кај нас.

Нова книга на Изабела Роселини, за нејзините кокошки

Во „Моите кокошки и јас“ славната актерка ја комбинира својата љубов кон пердувестите животни и искуството во филмскиот и уметничкиот свет, во кој овој пат ѕвезди се кокошките.

Приказната за кралицата на билијардот

Еден јануарски ден во 1938, слабичка жена со големи очи по име Рут МекГинис влегла во Аркадија, салон за билијард во Вашингтон, каде шестмина од најпознатите играчи во регионот чекале да играат со неа. Таа ги напудрила рацете, одбрала штека, и почнала еден по еден да ги елминира присутните мажи.

Добра финта на шпански издавачи: како да објавиш книга кога таа е забранета?

Витезот од Ла Манча се бореше против ветерници. А Здружението на книжари на Мадрид сега го користи 400 години старото дело на Сервантес за да го надмудри шпанскиот судски систем.